Добро утро со Инфомакс: Во нејзиниот глас можеше да ce смести сета моја татковина

t

Дениција, збирка поезија на еден од великаните на македонизмот воопшто, а секако и на поезијата и прозата, на самата уметност, Петре Мито Андреевски. Дениција е совршенство на зборови, неповторлив спој од чувства кои Андреевски ги опишува на толку возвишен начин, што никој не може да остане рамнодушен.

Добро утро Македонци, уживајте во “Летување”

Летување

Таа ce појавуваше од секаде
и ги соединуваше
бродовите со морето, морето со копното.
На летните спијачи им пушташе бубачка во сонот
и тие од тој ден почнуваа да живеат
со телата дома, a co главите покрај морето.
Ако кажеше нешто требаше сите напамет
да ги учат нејзините зборови,
оти во нејзиниот глас можеше да ce смести
сета моја татковина.
Ако појдеше на пазар
требаше да поскапи зеленчукот,
ако замижеше можеше да ce стемни и на пладне,
ако ce преместеше подалеку
требаше и плажата да ce премести,
ако ce вратеше дома требаше да заврши летото.
Нејзината воздишка беше граница
меѓу раздуваниот жар во јужните овошки
и успаната вода во зимските метали.
Таа беше причина за сите срцеви заболувања,
оти cè беше во движење кај што ce движеше таа.
Поетите пишуваа дека нејзината убавина постои
во сиот народен фолклор
во секој пламен, на секое знаме.
Таа ce појавуваше од секаде
и мојата брсјачка нежност ја споредуваше
со прошетките на војникот
посред друмот од куршумот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Фатени со рачињата во медот: Кривични…

Кривична пријава по текст на Инфомакс Министерството…

Камерите снимиле хирург како 22 пати прима…

Како што е наведено во тужбата, најголем…

(Видео) Африм Муча во живо за Инфомакс:…

Африм Муча, претставник на еден од синдикатите…

Следете нѐ: Вечерва продолжуваме со „Плус/Минус“ и…

Не пропуштајте ја денешната епизода на „Тешки…

Среќна нова 2024 година ви посакува Редакцијата…

Нека новата 2024 година ви донесе многу…