Добро утро со Инфомакс: Во тебе беа границите на Целокупна Македонија и јас дури те љубев, ја љубев сета татковина

t

Дениција, збирка поезија на еден од великаните на макеоднизмот воопшто, а секако и на поезијата и прозата, на самата уметност, Петре Мито Андреевски.

Дениција е совршенство на зборови, неповторлив спој од чувства кои Андреевски ги опишува на толку возвишен начин, што никој не може да остане рамнодушен.

Добро утро Македонци, во продолжение уживајте во “Второто писмо”:

ВТОРО ПИСМО

Паметувам:
тебе ти прилегаше cе’, како и на силот и смилот
што ме потчинуваа однадвор, a ме храбреа однатре.
Ти беше мојот Исток и мојот Величетврток,
ти беше cе’ што му недостасуваше на светот,
ти беше и моето незавршено минато
и затоа јас те чував и прашував за тебе.

Молњата што минува низ тебе во мене ce одразува
и јас живеам затоа што знам дека и ти живееш.
Јас сум твој роб за да ја прославам слободата
и тие летни жеги околу твојот појас
и тие ладни меани во твоите пазуви
и тие кавги на ветровите пред твоите поли
и моето време што беше во твоето.

Паметувам:
што читаше дури читаше и што – кога не читаше,
како легнуваше навечер, како ce проѕеваше наутро
и како денот го продолжуваше со својата насмевка,
возбудлива ко квeчерина во отворена калинка.
Во тебе беа границите на Целокупна Македонија
и јас дури те љубев, ја љубев сета татковина.

Ти стигнуваше пред своето тело, пред својот глас
во кого ме допираа недопрени води.
Ти беше мојот Тримир и мојот Светилеб
и моето прогонство беше за да бидат целосни
твојата волја, a мојата неволја.
На дното од морињата, на врвот од копната
ти секаде прва: и пред зракот и сред мракот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Камерите снимиле хирург како 22 пати прима…

Како што е наведено во тужбата, најголем…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…