Добро утро со Инфомакс: Во шумата јас сум господар, каде со добро, каде со нож

t

Андон Лазов Јанев, познат како Ќосето или Касапот е македонски  револуционер, учесник во македонското револуционерно движење кон крајот на XIX и почетокот на XX век. Својата дејност ја започнал како терорист на Македонската револуционерна организација, а подоцна станува нејзин војвода.

Кога Андон имал 12-13 години, неговиот татко Лазо кој имал бунтовен дух, бил уапсен од Турците и одведен во Солун. Откако останале сами, Андон со браќата и сестрите се преселил кај чичко му во Велес.

Еден настан ќе биде пресуден Андон да се одметне и да стане еден од најверните членови на Македонската револуционерна организација.

Во Велес, при една прошетка, богатиот Турчин Али Чауш кој бил во придружба со еден турски џандар, сакал да му удри шамар на Андон, затоа што другите деца го поздравиле, а само Андон не му оддал почит на Турчинот кога овој поминал покрај него и му ја расекол облеката.

Во своите спомени, тој ќе раскаже: „…Започнав да се движам насекаде, минувајќи и од едната и од другата страна на Вардар, во Кукушко, во Дојранско, Малешевско, Струмичко. Едно време јас требаше да ги обиколувам и другите околии. Ќе се појавеше некаде раздор или пак не ќе одеа добро работите во реонот, Делчев веднаш ќе ми напишеше да отидам таму. Ќе го средев тој реон, ме испраќаа во друг реон, а тој го предавав на друг. Се расправав само со непријатни гости. Како да се наоѓав пред една шума, преку која не минуваше пат, та јас со секира в раце требаше да правам пат среде таа гора. Веднаш потоа излегоа, за секој реон чета. А ние бевме првата чета. И јас ќе отидам таму, ќе скокнам, каде со добро, каде со нож. По едно време се заплашија…“

За тоа колку маки им причинил и на поробителите, не само на предавниците, Ќосето раскажува за една случка во солунско:

– Настапи есента, а по неа дојде и зимата. Ние се врткавме на Kожуф планина. Тука имаше околу 500 луѓе, кои правеа ќумур. Тоа беше во Мариовска Гора. Имаше многу колиби. Работниците се пазареа од Митровден до Ѓурѓовден и беа многу слабо платени. Претприемачи беа двајца бегови. Едниот со седиште во Цариград, а другиот во Солун. Целиот ќумур минуваше преку нив. 

        Kога стигнавме во колибите во Мариовска Гора, беше дојден плаќачот, кој ги собрал сите ќумурџии. Kако што веќе реков, ќумурџиите броеја 500-600 луѓе. Ние и сега бевме со Попето. Што да се прави? Ги собравме ќумурџиите и им го предложивем следното: „Слушајте, досега како сте се пазареле, сте се пазареле, но отсега натаму, од денес до Ѓурѓовден има еден месец. Ќе пресметате и ќе исечете толку дрва и ќе направите толку ќумур колку што може да се направи од исечените дрва. Повеќе нема да се пазарите. Kој ќе го стори тоа, ќе го заковам на буките. Ако ве повикаат да се пазарите, вие ќе кажете, не можам да се пазарам, зашто ни е страв од комитите. Ќе ги кажете и нашите имиња, Михаил Попето и Андон Ќосето. 

Kога наближи крајот на месецот, солунскиот бег ги повикал да се пазарат. Ќумурџиите одбиле да да преговараат за цената на ќумурот. Потоа бегот испратил свои луѓе и пазарил во Прилеп 500 секири (се мисли на дрвосечачи, н.з.) и им дал капар од по една лира. Разбрав дека од Прилеп ќе дојдат работници и ги чекам. И еден ден од прилепско јавија дека ќумурџиите тргнале за гевгелиско. Од Градско сакале да се качат до Мариовска Гора и оттаму сакале да тргнат за на планина. Отидов до Kрива Река и кај еден од говедарниците поставив заседа. Тие влегоа во заседата и ги запрев. Им реков да се вратат од кај што дошле. „Ама зедовме по една лира капар”, ми одговорија тие. Им реков: 

„Ќе се вратите преку планината без да запирате никаде. Ако застанете, ќе ве заколам сите до еден!”. 

      Не помина многу време и за ова се разбра и во Солун. Од многу трговци почнав да добивам писма во кои ме молеа да ја ослободам гората зашто цел Солун се снабдувал со ќумур од таа шума. И тоа беше точно. Ама јас намислив таа шума да ја користат локалните селани, а не двајцата бегови. Балкан со илјадници квадратни метри. На првото писмо не одговоривме. На следното, второ писмо, напишавме дека прашањето може да се среди „преку преговори”.

 „Kој има брада, ќе треба да си обезбеди и чешел!”. „Во шумата, им напишав, јас сум господар”!”.

 По тоа Турците организираа три потери од по 60 луѓе. Ги облекоа во жолти комитски алишта, им ставија качкети на главите и ги пуштија да н’ гонат. Во сите села поставија аскер, во случај да н’ откријат, аскерот да притекне во помош. Скитаа, скитаа и за шест месеци не можеа да направат ништо, не можеа да н’ откријат. По извесно време јас заминав во ениџенско, село Ошин, едно влашко село Ливада, кое се наоѓа меѓу Ениџе и Гевгелија… 

По едно време бегот посака да преговара. Побара да се види лично се мене. Од с. Серменин, Гевгелиско, ме информираа дека истиот бег дошол во селото и по секоја цена сакал да се сретне со мене, дури го ризикувал и својот живот. Јас одбив и наредив дека оној што ќе се осмели да го донесе бегот кај мене, ќе го убијам. Не поминаа неколку дена и добив писмо од гевгелискиот кајмакам. Во писмото го пишуваше следново:

 „Kапетан ефенди, ослободи ја шумата ослободи го Балканот, за да прават ќумур. Ако ти требаат облека за другарите ти – ќе ти го дадам пари, ако треба – ќе ти испратам, што сакаш да ти дадам? Зошто го осудуваш целиот град Солун?” 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…

Пендаровски-Османи: Заеднички напори за стабилност во регионот

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Приштина, во…