Добро утро со Инфомакс: Господи, белки не умрел Македонецот во мене

t

Темата на драмата „Црнила“ од Коле Чашуле е убиството, атентатот врз Ѓорче Петров од неговите сонародници, Македонци.

Чашуле е нашиот прв автор кој собра храброст на ваков начин да проговори за македонските црнила.

Самиот тој вели дека инспирација добил од убиството на Ѓорче Петров во кое „видов кревање рака на својот идеал. Усмртувањето на Ѓорчета од македонска рака, а во служба на антимакедонски однародени интереси, за мене станаа симбол на македонските црнила воопшто“.

Добро утро Македонци, во продолжение неколку цитати од “Црнила”:

“Како само за нас, Македонците, да се создадени сите црнила на овој век.”

“Фезлиев:  Си го претставувам: млад, полн со идеали… Тој мора да е од оние младичи што сосем сериозно веруваат во својата историска мисија и кои мислат дека зад секое нивно револуционерно поткашлување не стои никој друг туку Таа – Историјата со голема буква.”

“Иван:  Зар ти мислиш дека јас немам очи и дека не гледам што станува и каде сме? И дека сева оваа глутница што вие околу нас не ми е дојдена преку глава? Не, мила моја. Јас само чекам времињава да се смират, ќе појдам во Америка и не ќе сакам веќе да знам ниту за Луков, ниту за сета оваа врескотница што ја крчмиме на дребно како борба за Македонија.”

“Луков:  Во ова писмо, оној Младич, ме нарекува…предател. И ми се заканува со Историјата. И порачува нејзе, на Историјата, да го задржи во убав спомен. Како Историјата да е споменарник или момински дневник. Е, драги мој,… Можеби, сето тоа, во некој друга Историја да е ново. Во нашата – не е. Во македонската историја, драги мој, има само … предатели … досега барем. (…)           

Сигурен сум дека дури и не помислувал дека врховниот циник, македонската историја, тоа писмо ќе ми го предаде мене в раце. (…)

Останува само уште финалето на … комедијата. Си го претставувам утре Иванов, со каква трогателност ќе говори над гробот на Ѓорче: „Скапи  Ѓорче…“

” „Господи, белки не умрел Македонецот во мене“”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…

Пендаровски-Османи: Заеднички напори за стабилност во регионот

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Приштина, во…