Добро утро со Инфомакс: Дај Господе, што помалку очите да им бодам – Штом тие лево ќе фатат, јас десно да одам
Блаже Конески е истакнат македонски книжевен, културен и јавен работник, академик, поет, прозаист, есеист, книжевен историчар, филолог и јазичар, преведувач и професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Филолошкиот факултет во Скопје го носи неговото име, исто како и многу основни и средни училишта низ Македонија.
За денеска ви издвојуваме едно од делата на великанот на македонизмот, таткото на современиот македонски јазик, Блаже Конески.
Добро утро Македонци, во продолжение “Молитва”:
Спаси ме Боже, од болните луѓе
што се накажани,
та не се криви,
нивната злоба умерено суди ја,
самите од неа одвај се живи.
Тие се мислат повикани да водат
како Мојсија и другите пророци
а самите не можат да се ослободат
и влечат по себе ситни пороци.
Дај Господе, што помалку очите да
им ги бодам –
штом тие лево ќе фатат,
јас десно да одам.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…