Добро утро со Инфомакс: Да доживеам да го видам развиорено знамето на Слободна и Независна Македонија над сините води во Солун и да екне македонска песна

t

Андон Лазов Јанев, познат како Ќосето е македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење кон крајот на XIX и почетокот на XX век. Својата дејност ја започнал како терорист на Македонската револуционерна организација, а подоцна станува нејзин војвода.

Во текот на Илинденското востание заедно со Ѓорче Петров и Лука Иванов предводи чета во Прилепско. Во село Тројаци се судруваат турски аскер, а потоа се разделува со Ѓорче Петров, Лука Иванов и Пере Тошев и оди во Велешко. Заминувајќи од село Скачинци на 17 октомври со 30 лица четници доаѓа во судир со 500 души турски аскер кај месноста Клепа. Меѓутоа од заднина аскерот бил нападнат од чета составена од 70 души предводена од Борис Сарафов. Во оваа битка загинаале 4 четници и 65 турски војници. Со својата чета успеал да се пробие во ноќта но на двапати наишол на турски заседи меѓутоа успеал да се извлече. Од селото Просениково четата на чело со Ќосето се упатиле кон границата и успеале да стигнат во Ќустендил во средината на декември 1903 година.

По востанието ја организирал и подготвувал на селската милиција во Струмичко и Малешевско. Во овој период тој учествува и во работата на Серската група, во 1905 година се повлекува од активна револуционерна дејност. Поради своја терористичка активност и блискот со Серчани, по убиството на Борис Сарафов и Иван Гарванов, бил затворен неколку месеци, меѓутоа бил ослободен.

Во 1933 година, во Горна Џумаја, Ќосето вели:

Браќа и сестри!

Како скромен борец на Внатрешната македонско0одринска револуционерна организација, бев сведок и учесник во она велико дело што го изврши Македонецот пред 30 години на Илинден 1903.

Сега сум сведок на оваа свеченост со која ќе се овековечи споменот на македонскиот четник и им оддавам почит на живите борци.

Имам уште една, трета желба, а таа е да доживеам да го видам развиорено знамето на Слободна и Независна Македонија, над сините води во Солун и да екне македонска песна.

Само тогаш сметам дека мојот земски живот ќе биде завршен, а мојот дух ќе се успокои за да заминам кај моите другари кои ги склопија очите уште пред триесет години од куршумите на непријателите.

Го полагам венецот и извикувам: Нека им биде вечна славата!

Андон Ќосето по Втората светска војна и АСНОМ ќе испрати поздравна телеграма до Лазар Колишевски.

Во неа, Ќосето вели:

„Јас како воен другар на Гоце Делчев и Јане Сандански го поздравувам Вашиот историски говор на Вториот конгрес на Народниот фронт, во којшто ние гледаме надеж дека наскоро ќе се исполнат идеалите на нашиот македонски народ, да живее – еднаш засекогаш, под еден покрив. Андон Ќосето“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претседателката Сиљановска Давкова ќе ги прими поглаварите…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе ги…

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

ЕКСКЛУЗИВНО: ВООРУЖЕН ГРАБЕЖ НА БАНКА УТРОВО ВО…

Вооружен грабеж се случил денеска претпладне во…