Добро утро со Инфомакс: Еден чоек шчо не си а милвит таткојната појке от себеси, тој не можит да бидит чесен чоек
Григор Прличев е истакнат македонски писател од времето на романтизмот и значаен претставник на македонската книжевност од XIX век. Според Македонската енциклопедија, тој е писател кому Македонија му е и љубов и судба и болка и очај и неопходност и тага и лулка и гроб.
Добро утро Македонци, во продолжение говорот на Прличев пред охриѓани, одржан на 12 јуни 1866 година.
„Кога Господ ти викат чувај се, многу појке ти викат да си ја чуваш таткојната.
За тоа колку да бидит чоек нечесен, пак таткојната му је најмила на векот. Зашчо татко имаме еден, а таткојната је многу таткој. Мајка имаме една, а таткојната је хилјади мајки. Братја, имаме пет или десет, а таткојната је неброани браќа. Еден чоек шчо не си а милвит таткојната појке од татка и мајка, и појке от себеси, тој не можит да бидит чесен чоек”.
„Ако те разбереет оти мамиш, сетне и вистина да велиш никој не ќе те вервит!“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…