Добро утро со Инфомакс: Еден чоек шчо не си а милвит таткојната, тој не можит да бидит чесен чоек – 193 години од раѓањето на Прличев

t

На денешен ден, 18 јануари 1830 година во Охрид е роден Глигор Прличев.

Прличев е истакнат македонски писател од времето на романтизмот и значаен претставник на македонската книжевност од XIX век. Покрај мајчиниот македонски, творел и на грчки и бугарски, и ги обединувал во себе нивните специфични карактеристики, како и современите текови на класицизмот и романтизмот. Според Македонската енциклопедија, тој е писател кому Македонија му е и љубов и судба и болка и очај и неопходност и тага и лулка и гроб.

Прличев бил ученик на Димитар Миладинов, кој во тоа време учителствува во Охрид. Извесно време се вработува како терзија, а подоцна станува учител во Тирана, Албанија. Во 1849 г. се запишува како студент по медицина на Атинскиот универзитет. Во текот на 1850-59 г. повторно се враќа во Македонија и учителствува на повеќе места: Долна Белица, Струшко, Битола, Прилеп и Охрид, за да си обезбеди услови за продолжување на студиите.

Во 1859 година повторно доаѓа во Атина, како студент на втора година по медицина. Во овој период ја пишува поемата „Сердарот“. Во 1860 ја добива наградата на големиот атински конкурс за најдобра поема на грчки јазик, паричен дел и лаворов венец. Истата година делото излегува од печат.

Во чест на 193 годишнината од неговото раѓање пренесуваме дел од неговиот пред охриѓани одржан на 12 јуни 1866 година, големиот македонски поет Григор Прличев, меѓу другото, рекол: „Кога Господ ти викат чувај се, многу појке ти викат да си ја чуваш таткојната.

За тоа колку да бидит чоек нечесен, пак таткојната му је најмила на векот. Зашчо татко имаме еден, а таткојната је многу таткој. Мајка имаме една, а таткојната је хилјади мајки. Братја, имаме пет или десет, а таткојната је неброани браќа. Еден чоек шчо не си а милвит таткојната појке од татка и мајка, и појке от себеси, тој не можит да бидит чесен чоек”.

„Ако те разбереет оти мамиш, сетне и вистина да велиш никој не ќе те вервит!“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…

Пендаровски-Османи: Заеднички напори за стабилност во регионот

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Приштина, во…