Добро утро со Инфомакс: И ако не умрам дома туку кај што стии пиштат, блазе речи на душата, има зошто душа да е – 80 години од смртта на Кочо Рацин
Под сè уште неразјаснети околности, на денешен ден, 13 јуни во 1943 година загинува еден од основоположниците на современата македонска книжевност, Кочо Рацин.
Рацин е македонски книжевник и комунист, најпознат по својата поезија. Неговата стихозбирка „Бели мугри“ претставува едно од најзначајните дела во современата македонска поезија. Освен со поезија, Рацин се занимавал и со проза, а напишал и неколку значајни трудови од областа на историјата, филозофијата и книжевната критика.
Добро утро Македонци, денеска во чест на Рацин ви ја издвојуваме неговата песна “Татунчо“:
На Бана
Не ме клни, не ме жали!
Не ми нижи низа клетви!
Камен тежок живот ми е
а по тежок отзив пусти
по народни думи свети!
Ако куќа не направиф
со високи шимшир порти,
куќа цел свет братски ми е
братски срце што отвора,
срце — порта највисока
срце — куќа најширока.
Ако жена не донесоф
ѓул — трендафил во одаја
верна, добра млада љуба —
не ме клни, не ме жали:
во борбата другарката
слнце сјае, слнце трепти!
Ако млади си години
по друмишта, по патишта
в младост горка распосејаф —
погледни ми право в очи:
ти ли беше што пееше
„Ајдутин мајка не рани. . .“
И ако не умрам дома
туку кај што стии пиштат
в борба искри кај што лштат —
блазе, речи на душата —
има зошто душа да е!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…
Со честитка по повод Денот на независноста…
Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…
Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…
Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…
Растот на индустриското производство во вториот квартал…
Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…
Во Хрватска е уапсен е градежен работник…
Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен…