Добро утро со Инфомакс – И Толстој правел разлика меѓу Македонците и Бугарите: Турската власт ќе се замени со бугарска и пак Македонците ќе даваат синови во туѓи војски
Еден од најголемите руски писатели, Лав Николаевич Толстој, во деветнаесеттиот век правел јасна разлика меѓу Македонците и Бугарите.
Помалку познат факт е дена на 21 декември 1898 година во родното место на Лав Николаевич Толстој, Јасна Полјана, битолчанецот Димитар Ризов се сретнал со Толстој пред кого го објаснил македонското прашање и побаралл, доколку е можно, Русинот политички да се заложи за негово решавање.
Одговорот на Толстој бил негативен и тој го образложил својот одговор:
– Работатата во Македонија е поинаква. Таму се работи за тоа да се замени турската власт со бугарска. Тоа според мене нема да ви донесе ништо ново. Тогаш само ќе се смени надворешната страна, а внатрешната содржина ќе остане иста.
Власта пак ќе си биде власт, само поинаква. И пак ќе ви земаат даноци, а можеби и поголеми. И пак Македонците ќе живеат во беда, пак ќе им ги земаат синовите во туѓа војска. – образложил Толстој.
Инаку Димитар Ризов се експонирал како експонент на бугарската анексионистичка политика кон Македонија. Огорчен противник на сите акции со цел осамостојување на Македонија. Бугарски амбасадор во Рим. Уредник на списанието „Млада Бугарија“, „Македонски глас“. Ѓорче Петров го нарекувал „најопасен подривач на македонското дело“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Протест во Софија: „Русија да си…
Протест под мотото „Вашиот „мир“ е капитулација!…
Нападите со дронови во Црното Море го…
Шест бродови се откажале од пристигнување во…
И од Бугарија бегаат криминалци: Двајца обвинети…
Двајца мажи со германски пасоши, осомничени за…
(Видео) „Бугарија е заробена држава од руските…
Поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев, четворица поранешни…
Бугарскиот министер за одбрана: Побаравме од НАТО…
Интензитетот на нападите во Црното Море се…