Добро утро со Инфомакс: Како Велигден да ми е, како да вoскреснувам

t

Христос воскресна! Навистина воскресна! Денеска, во чест на најголемиот христијански празник, Велигден, во рубриката “Добро утро со Инфомакс” ви издвојуваме неколку велигденски песни од Анте Поповски.

Добро утро Македонци, нека е за многу години.1

Велигден

Утринава на прозорец спроти нас 
пак се покажа старичката.


Се затетерави низ дворот
како детенце кога проодува
и се заниша како гранче чесно дрво
и пак се засолни.


Излегла напролет старичката.
Што ми е убаво на душава, 
како Велигден да ми е, 
како да воскреснувам.

Воскресение

Расцутен двор, камбани што корнат еден дрвен крст 
И го фрлаат меѓу ѕвездите,
Празничен чаршаф, свеќа што догорува 
И твојот празен стол покрај трпезата.

Велигденчиња

Са ноќ стоеше сама крај прозорецот 
и нешто ги молеше пролетните ветришта.

Гласот ѝ го дочу земјата 
и некаде го скри.

Утрината во дворот гласот беше се престорил 
во виолетови, небесни и бели

венчиња — велигденчиња.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Демолиран штабот на СДСМ во Јегуновце на…

На најголемиот христијански празник – Велигден, во…

И затворениците во ,,Шутка” се кршеа со…

Големиот христијански празник Велигден денеска се прослави…

Мицкоски: Само заедно, со меѓусебна почит и…

Честитка од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски…

Гаши: Нека Велигден биде поттик за уште…

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, по повод…

Денес се празнува Воскресение Христово – Велигден

Откако слугите на првосвештениците израилски го фатија…