Добро утро со Инфомакс: Кога би можел, Македонијо, маки да ти испишам и Господ ќе заплаче

t

Денеска ви пренесуваме поезија од можеби помалку познат автор кој слично како и многумина се инспирирал од татковината и творел за неа.

Благој Попоски – Вардаро, во истоимената песна од стихозбирката “Македонија” пишува за маките на нашата држава.

Добро утро Македонци, уживајте во “Македонија“:

Кога би можел, Македонијо,
маки да ти испишам,
и Господ ќе заплаче,
сонце ќе се смрачи.

И ѕвезди ќе затемнат
и птици ќе онемат,
бури ќе разбеснат
ветрови ќе донесат.

И океани ќе се лутат
мртви од гробје ќе станат,
неми ќе прозборат зборови
и слепи неправди ќе видат.

Илинден е сведок
за минати времиња,
празник редок
на нашите времиња.

Пискотници ветрот
по ридишта ширел,
за разбеснат душман,
кој место вода, крв ни пиел.

Благој Попоски – Вардаро (од стихозбирката “Македонија”, 1995 г.)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…