Добро утро со Инфомакс: Кој ќе ни помогне, Бугарија, Тракија, учената Европа? Кутрете, чинете и сами накај правдините!

t

Атанас Раздолов е македонски револуционер и писател, роден во 1872 година во Берово, Малешевско, во семејството Топаловци.

Уште како млад тој го напушта родното место и оди во Софија. Задоен со преродбенските и ослободителните борби во малешевскиот крај и наоѓајќи се во работничка средина во Софија, ослободителните идеи кај младиот Раздолов се издигнуваат на повисоко ниво. Тој ја поврзува националноослободителната борба со револуционерната борба на работничката класа. Познат е под псевдонимот „дедо Раздолчо“. Членува во Македонскиот револуционерен социјалдемократски сојуз, основан од Васил Главинов.

Во 1901 година е затворен поради неговите пишувања за бугарскиот кнез Фердинанд.

Добро утро Македонци, во продолжение “Кој ќе ни помогне”, од дедо Раздолчо.:

Кој ќе ни помогне

Слобода сакаме-
Народот вика така
Кој да го слушне кутриот народ,
Бугарија ли? Тракија?
Дали учената Европа,
Којашто гробот ни го копа?
Или пак сениште од некој храм,
Спас ќе ни донесе нам?

Бугарија и Тракија
Од друго вино се опија;
А од просветената Европа
Без „Батак“ не ни тропа
И нигде, никому чуда
За спас не му се нудат
Затоа: Кутрете-чинете
И сами накај правдините!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…

Пендаровски-Османи: Заеднички напори за стабилност во регионот

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Приштина, во…