Добро утро со Инфомакс: Крени се, сину народен, поведи народ поробен! Да ни е пролет пролетта, да ни е наше полето, да ни се мили селата, да ни е радост челадта!

t

Блаже Конески е истакнат македонски книжевен, културен и јавен работник, академик, поет, прозаист, есеист, книжевен историчар, филолог и јазичар, преведувач и професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Филолошкиот факултет во Скопје го носи неговото име, исто како и многу основни и средни училишта низ Македонија.

Добро утро Македонци, во продолжение “Илинденски мелодии”:

1.

Бел трендафил — ти за мене цутиш,

и ти, моме, мое ќe ми бидиш!

Ти си, младост, за да се радувам,

малој моме за да те милувам!

2.

Молчи, молчи, кутро срце!

Дури среќно да ми бидиш,

по апцани, по зандани

многу маки ти ќe видиш.

3.

Сношти жално низ темнина

јаор дрво шумеше.

Само легнав, сам си заспав,

ми се сони чуден сон.

Ми се сони темна магла,

во маглата до два сокла,

од крилје се бисер рони.

Кажи, мајко, стара мајко,

каков показ е?

— Тешка коба, судна мака

коби, сину, твој от сон:

темна магла — темен зандан,

до два сокла — до два брата,

дробен бисер — ситен синџир.

4.

Лудо лежи во зандана,

тешки пранги на нозете,

дробен синџир на рацете.

           Никој не иди

           лудо да види,

                   таго ле!

Утре рано ќe отворат,

лудо младо да заберат,

лудо младо да загубат.

          Никој не гласи

          лудо да спаси,

               таго ле!

5.

Гарване море, црно пиле де!

Лоша коба кобиш, црни гласје носиш.

6.

Многу жал ми падна, многу црна мака,

за твојата младост дека загина.

Силно момче беше, силно срце в rради,

не истрпе срце ропство да го јади!

Ти нарами пушка, одбор чета собра

и планина вати, гора зелена.

Те издемна душман, во злоба утаен.

За отплата вика гробот твој незнаен!

7.

Крени се, Гоце војвода,

доста си трпел неправди!

Тебе те чека rората,

тебе те пека полето:

на нива мачни селани,

клетите робје в зандани.

Крени се, сину народен,

поведи народ поробен!

Да ни е пролет пролетта,

да ни е наше полето,

да ни се мили селата,

да ни е радост челадта!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…

Пендаровски-Османи: Заеднички напори за стабилност во регионот

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Приштина, во…