Добро утро со Инфомакс: Кутрете, чинете и сами накај правдините!
Атанас Раздолов е македонски револуционер и писател, роден во Берово, во семејството Топаловци. Уште млад тој го напушта родното место и оди во Софија. Задоен со преродбенските и ослободителните борби во малешевскиот крај и наоѓајќи се во работничка средина во Софија, ослободителните идеи кај младиот Раздолов се издигнуваат на повисоко ниво. Тој ја поврзува националноослободителната борба со револуционерната борба на работничката класа. Познат е под псевдонимот „дедо Раздолчо“. Членува во Македонскиот револуционерен социјалдемократски сојуз, основан од Васил Главинов.
Во 1901 година е затворен поради неговите пишувања за бугарскиот кнез Фердинанд.
За време на Балканските војни, тој бил доброволец во втората бригада од Седмата кумановска дружина на Македонско-одринскиот доброволен корпус на бугарската армија, со командирот потпоручник Георги Светогорски.
Добро утро Македонци, за денеса ви одбравме едно дело токму од Атанас Раздолов, уживајте:
Кој ќе ни помогне
Слобода сакаме-
Народот вика така
Кој да го слушне кутриот народ,
Бугарија ли? Тракија?
Дали учената Европа,
Којашто гробот ни го копа?
Или пак сениште од некој храм,
Спас ќе ни донесе нам?
Бугарија и Тракија
Од друго вино се опија;
А од просветената Европа
Без „Батак“ не ни тропа
И нигде, никому чуда
За спас не му се нудат
Затоа: Кутрете-чинете
И сами накај правдините!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…