Добро утро со Инфомакс: Луѓето паметат колку сите наши соседи се единствени дека нема македонски народ и колку не се единствени чиј е тој народ!
Небеска Тимјановна е роман на македонскиот писател Петре М. Андреевски, првобитно издаден во 1988 година.
Збогатувајќи ја македонската книжевност со „Небеска Тимјановна“, авторот со својата мајсторија и моќ одново ја покажува и докажува силната желба да се биде признат во и преку јазикот. Со приказ на тогашната социјална и политичка состојба, Андреевски ја нагласува потребата на секој човек да го потврди својот идентитет.
Добро утро Македонци, во продолжение неколку извадоци од “Небеска Тимјановна”:
“Но луѓето паметат колку сите наши соседи се единствени дека нема македонски народ и колку не се единствени чиј е тој народ, кому му припаѓа.”
“Знам дека политиката има некои општи цели и задачи, но зошто од нив е изоставена поединечната човечка болка? Јас болката ја ставам пред политиката…”
“Пеј за слободата! Ќе пеам кога ќе бидам јас слободна. Каде е твојата граѓанска свест?! Нема граѓанска свест без полни граѓански права.”
“И во најголемиот очај ти поминува некоја ненадејна искра во душата. И сите темни места, во исто време, ти ги осветлува.”
“И да го мените светот, не менувајте го своето минато, вели дедо, никаде не одете без него.”
“Ова е само една вистина, зашто вистини има стопати по толку, којзнае колкупати по толку. Вистини има колку што има луѓе. И живи и мртви.”
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…
Со честитка по повод Денот на независноста…
Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…
Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…
Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…
Растот на индустриското производство во вториот квартал…
Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…