Добро утро со Инфомакс: Македонија, земја каде што на живите не им тежат гробовите на мртвите туку песните што ги пеат
Ацо Шопов е дел од плејадата македонски поети во чија поезија, дури и да не е спомената, се проткајува Македонија, македонштината која самиот поет ја чувствувал и промовирал, а од која цпел инспирација за неговите дела.
Добро утро Македонци, денеска ви пренесуваме цитат токму од Ацо Шопов, уживајте:
–„Доаѓам од југ, од Македонија, земја на стари паметници на културата, на црното сонце на игото и долготрајниот јарем, каде што крстот на судбината е полесен од пепелта на минатото, каде што мртвите не можат да умрат додека трае песната на живите, каде што на живите не им тежат гробовите на мртвите туку песните што ги пеат, каде што водата извира од срцата на фреските и, заплискана од сонцето без исток и запад, повторно се влева во истите тие фрески како скаменет вез на ѕидовите на постоењето и неизбежноста. Доаѓам, а една мисла повторно ме возбудува: колку разновидност, богатства, длабочини, колку патишта и различни судбини на една мала грутка земја која ја чувствуваме како наша татковина, како сиот свет во мало да застанал на неа, со пркос кон себе си и кон другите.“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
35 ГОДИНИ НЕЗАВИСНОСТ: УМЕТНОСТА ЈА КРШИ ТИШИНАТА
Скопје одбележа 35 години независност со уметност,…