Добро утро со Инфомакс: Македонци! Време е да ги убедиме нашите образовани предавници, дека Македонија дури и по пет века ропство може да раѓа и да има во себе синови, херои!

t

Дедо Иљо Малешевски е македонски ајдутски и востанички војвода. Кон средината на XIX век, создал ајдутска дружина и дејствувал во Источна Македонија, главно во Малешевијата од каде и потекнува. Во летото 1859 година преминал во Србија. Во оружениот судир помеѓу Србите и Османлиите во Белград (5 јуни 1862) предводел 400 македонски доброволци во т.н. Иљова легија или Македонски одред.

Учествувал со македонски доброволци во Српско-турската војна во составот на Руско-македонскиот баталјон. Бил тешко ранет и се лекувал во Србија, а потоа заминал во Романија. Со македонски доброволци (ополченци) се борел и во Руско-турската војна во ослободувањето на Бугарија. Се истакнал во борбите на Шипка.

По ослободувањето на Ќустендил, со 150 македонски доброволци се одвоил од руската армија и учествувал во востаничкиот продор во Пијанец. Со своја чета од 200 до 300 востаници учествувал во Македонското востание.

Добро утро Македонци, денеска ви издвојуваме што мислеше Дедо Иљо Малешевски, проглас пред почетокот на Македонското востание.

-Македонци нашата мајка стана и плаче со горчлив крик под турскиот оган и јатаган. Крвта на нашите родители е пролеана, синови и браќа викаат да се крене оружје против петвековните поробувачи и насилници, нашите малтретирани мајки, жени и сестри кои се под неподносливото и нечовечко турско однесување, плачат над нашите уништени домови и го чекаат нашиот одговор. Македонски и бугарски херои! Нашиот свет лав ‘ржи преку нашите македонски гори и долини и не повикува сите да земеме оружје. Каде и да сете, побрзајте заедно со нашите оружја во нашите раце, да ги спасиме тие невини жртви од ова валнако и зајадливо понижување. Сетете се дека нашите татковци ја пролеаа својата крв за грчката и српската слобода…Сетете се на настаните од претходната година и ќе видиме дека крвта од нашите….. сè уште стои на алексинаскиот и шипченскиот премин, чија крв тие не ја штедеа за нашата слобода…Македонци! Сега е време да ги убедиме нашите образовани предавници, дека Македонија дури и по пет века ропство може да раѓа и да има во себе синови, херои! Малешевски планини, Македонски востанички комитет

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…

Пендаровски-Османи: Заеднички напори за стабилност во регионот

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Приштина, во…