Добро утро со Инфомакс: Македонци, сетете се на Александар, Самоил, Марко Крале, во нив течела македонска крв – Да се покажеме достојни нивни потомци

t

Анастас Јанков познат и како „Македонскиот Гарибалди“ е македонски револуционер, деец на Врховниот македонски комитет и офицер од Бугарската армија (полковник) од село Загоричани. Еден од најголемите идеолошки противници на BMPO во однос на тоа дали Македонија треба да се ослободи однатре самостојно, или со помош на бугарската армија и на Русија.

И покрај ваквите разлики треба да се истакне и да се запамети неговиот значаен придонес кон афирмирањето на македонското национално дело. Поради неговата агитација дека ние Македонците сме посебна нација, со што балканската јавност станувала сè посвесна за националната посебност на Македонците.

Повиците и прогласите до Македонците, пак, каде што тој вели дека тие треба пред сè самите да се изборат за својата слобода и национална независност, несомнено придонеле за зацврстување на македонската национална свест кај самиот македонски народ. Освен тоа, Јанков секаде го истакнува континуитетот во поглед на македонската етничка припадност и потекло на Македонците.

Кога во 1902 година отиде со голема чета во Костурско за да крева „востание” и издава проглас во кој меѓу другото се вели:

– „Македонци! Сетете се за светскиот победител, за светската слава на Македонија великиот Александар Македонски; сетете се за храбриот цар Самоил, македонскиот великан, за прекрасниот Марко Крале, општословенската слава, дека во нив течела македонска крв; тие од небесните височини бдеат и го благословуваат нашето започнато дело. Да се покажеме достојни нивни потомци: да им ги зачуваме славните имиња и да го зачудиме светот со нашата храброст, умешност и самопожртвуваност; да го отресеме од себе срамниот јарем што нè гуши пет века.”

Во весникот “Штампа” на 01.12.1903, тој изјавува:

– „Јас не сум Бугарин, туку Македонец и на Македонија ѝ посакувам слобода и самоуправа. Тоа е целта на сите вистински Македонци… Ние Македонците сме кадарни да кренеме востание во Македонија за да ги увериме Големите сили што го потпишаа Берлинскиот договор дека тие треба да го исполнат она што им го ветија на христијаните во европска Турција, но не сме кадарни сами да го направиме тоа… Особено мораме да побрзаме за да го направиме тоа пред да се спогодат Србија и Бугарија за Македонија. Таа спогодба, според мене, би била кобна за Македонците, бидејќи Бугарија и Србија, откако ќе се спогодат за нашата татковина, ќе ја поделат Македонија и тие делови ќе си ги присоединат кон своите држави.”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…