Добро утро со Инфомакс: Нам ни треба внатрешно обединување меѓу себе, не ни требаат во Македонија ни Срби, ни Бугари, ни Грци, оти не сме ни едното, ни другото, ни третото…
Крсте Петков Мисирков е македонски филолог, кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис, славист, историчар, етнограф, аналитичар на национално-политичките проблеми, публицист, собирач и проучувач на македонското народно творештво. Тој е и автор на првата книга и првото списание на современ македонски јазик, основоположник и активен учесник во македонските научно-литературни и национално-политички друштва во Белград, Санкт Петербург, Одеса и Софија, раководител на ТМОК и личност на македонскиот XX век.
Во неговото најзначајно дело, “За Македонцките работи”, Мисирков опшитно ја опишува состојбата во Македонија во тој период. Многу од напишаното во таа книга соодветствува и со денешната ситуација во Македонија, затоа, во продолжение ви издвојуваме еден цитат од Мисирков во неговото најзначајно дело.
Добро утро Македонци, еве како размислуваше и пишуваме Мисирков.
„…Нам ни треба внатрешно обединување меѓу себе: не ни требаат во Македонија ни Срби, ни Бугари, ни Грци, оти не сме ни едното, ни другото, ни третото…“ – Крсте Петков Мисирков, “За Македонцките работи”, страна 77
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…