Добро утро со Инфомакс: Најгрдото поглавје во мојот роман ќе носи наслов “Од свои убиен”
Гане Тодоровски е поет, преведувач, есеист, литературен критичар, историчар, публицист. Роден е на 11 мај 1929 година во Скопје. Завршил Филозофски факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје каде што и докторирал на темата „Веда Словена и нејзините мистификатори“. Работел како новинар во Танјуг, „Млад борец“ и „Студентски збор“. Бил долгогодишен професор по хрватска литература и македонска литература – 19 век на Филолошкиот факултет во Скопје. Бил претседател на ДПМ (1969-1971 и 1985/86), претседател на Советот на СВП (1970-1971) и бил одговорен уредник на списанието „Млада литература“. Амбасадор на Република Македонија во Руската Федерација. Член е на ДПМ од 1951 година. Член на Македонскиот ПЕН центар.Член на МАНУ.
Добро утро Македонци, во продолжение “Крсте Мисирков по 1903-та година”:
КРСТЕ МИСИРКОВ ПО 1903-та ГОДИНА
Знам, ќе ме ломат, и ќе ме сломат!
Силните секога се и прави и груби –
Туку најгрдото поглавје од мојот роман
ќе носи наслов: од свои убиен!
Ко сеништа ќе облетуваат крај мене,
ќе колват ко мршојади, кобно ќе грачат,
грижливо ќе ми сплетат трнов венец
и ковчег скапоцен приживе ќе ми порачаат!
Еј, век, испошаран со лути рани!
штом се судираат зборот и мечот нема дилеми –
Устата пепел наполни ја, камен стани,
јади го срцето полека и гледај вземи.
Ножот е нож, штом ти се готви нема шега,
функција тој е на доброто, но интимен со злото –
Ех, болка дива в срцето молска, стега,
кога на правдата се зарие до дното.
Сал еден потег доста е да е закана.
Галабу бел на моите македонски мисли, летни!
Железо ѕвецка, им светка метален сјај в рака
На неколкумина безочни и неприветни.
Оган ја вжарил мислата, таа е крик што јачи:
жив си $ нужен на татковината, гробови има доста!
Бидејќи за да значиш подолго треба да зрачиш
и трајна трага да оставиш!
И знај, до целта патишта има многу,
по еден или друг, до неа секако ќе втасаш,
затоа, со идеалите никога не се збогувај,
тие и поразените ги красат!
Та, што е поразот? Миг само! А идеалот – вечност.
Високо челото! Високо знамето на своите визии!
Вистината се провира низ противречности
за да се облагодари низ ризик!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…
Со честитка по повод Денот на независноста…
Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…
Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…
Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…
Растот на индустриското производство во вториот квартал…