Добро утро со Инфомакс: Ние не ја мразиме Бугарија и нејзиниот народ, туку се спротивставуваме на нејзината политика, која е спротивна на нашите идеали и интереси

t

Јане Сандански, познат како Пиринскиот Цар, Сандан-паша и Старикот е македонски национален херој, војвода и водач на Македонската револуционерна организација.

На два дена пред 120-годишнината од Илинденското востание, еден од најголемите настани во македонската историја, објавуваме неколку ставови на Сандански, како учесник во Востанието и војвода, но и ставови на други личности во врска со ликот и делото на Јане.

-Да, Македонија не треба да бара помош надвор од себе, туку во самата себе. Нејзината слобода не ќе биде подарок, туку крвав откуп, платен со илјадници жртви, какви што ние дадовме и продолжуваме да даваме”.

-„Првпат агитирав во смисла да се постави Организацијата самостојно, да се почувствува населението слободно, на тој начин што ќе се отстранува од турските власти и што ќе се концентрира власта во рацете на Организацијата, така што населението на дело да види малку слобода, да ја осети таа слобода и да ја засака”.

-„Ние не сакаме да ја замениме турската тиранија, турските султани со други тирани, па ни со бугарска тиранија и бугарскиот кнез. Ние се бориме Македонија да стане автономна, независна, слободна држава, Македонија на Македонците!”.

-„Јас не очекувам брзо ослободување на Македонија. Тоа може дури и да не дојде додека сум жив, но јас сакам да го зачувам народот и да го организирам и ако тоа стане, тој сам ќе си ја извојува својата слобода”.

-“Ние не ја мразиме Бугарија и нејзиниот народ, туку се спротивставуваме на нејзината политика, која е спротивна на нашите идеали и интереси”.

-“Да пиеме за слободна и автономна Македонија за која се бореа и дадоа скапи жртви сојузените балкански народи” – на банкетот во Солун, по повлекувањето на Турците 1912 година.

Од написот на д-р Карло Блинд објавен во лондонскиот Пал мал газета на 5 јули 1905 година. Во написот, меѓу останатото, дознаваме дека:

Сандански се претставува како единствен претставник – Македонец. Тој си поставил за цел од Македонија да создаде независна држава… Учените од Комитетот на Сандански создаваат граматика на македонски јазик како јазик на целата област. Дијалектот на Битолскиот вилает се зел за основа на тој нов experanto. Новиот македонски јазик требало да ги истисне српскиот и бугарскиот јазик кој се зборувал во Бугарија и Србија.

„…Бугарските шовинисти решија да го ликвидираат бидејќи неговите проповеди не им одеа во прилог, зошто тој се противеше на присоединувањето на Македонија кон Бугарија. Тој го спречуваше славофонското население на Македонија да се смета себеси за бугарско и култивираше македонска национална свест“ – Елефтериос Ставридис

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најголем број туристи од Бугарија и Русија,…

Србија во март ја посетиле 153.155 странски…

Земјотрес во Бугарија

Земјотрес е регистриран во четвртокот во 8…

Бугарија забрани реклами за коцкање, казина и…

Националното собрание на Бугарија конечно усвои целосна…

Хилари Клинтон ќе ја посети Бугарија во…

Хилари Клинтон доаѓа на специјален состанок на…

1.325.900 луѓе во Бугарија живеат под прагот…

Во 2023 година, вкупната линија на сиромаштија…