Добро утро со Инфомакс: Ние сме Македонци и нашето творештво треба да биде во служба на македонската кауза!
Никола Јонков Вапцаров е македонски писател, комунист, роден во Банско, Пиринска Македонија. Вапцаров бил член на Сојузот на бугарските писатели, а посмртно бил добитник на почесната Меѓународна награда за мир, во 1952 година.
Во ‘Реферат’ (1938) кој ќе го напише по повод основањето на кружокот, Вапцаров ќе истакне:
“ На нас, како Македонци кои пишуваат, ни е неопходна една правична емоционална сила, што ќе ни ја раздвижи крвта, ќе ни раздвижи многу претопени чувства, многу спомени…Зошто ако последните години македонската револуционерна борба тапка во место, ми се чини дека причината е во недостигот на жива творечка сила…Се случи така што во српска и грчка Македонија (Вардарска и Егејска), великобугарските утопии се оладуваат и јакне едно поколение инспирирано од лозунгот “Слободна и независна Македонија“. Тоа е најважната етапа од македонското прашање кое навреме не го забележавме и за чие преспивање носиме одговорност…Ако тагуваме за својата Татковина, ако во нас има капка македонска крв, ако во нас останала капка благодарен патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, ропски да се впрегнеме, за да понесеме дел од одговорноста на едно дело и жестоко величие на една епоха…Ние треба да ја познаваме македонската историја и најмногу историјата на национално-револуционерното движење – Илинден, Гоце, Даме…“
Ние сме Македонци. И нашето творештво треба да биде во служба на македонската кауза…“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…