Добро утро со Инфомакс: Оган спроти Велигден
Денеска, на вториот ден од Велигден, повторно Ви издвојуваме дел од поезијата на Анте Поповски, кој во богатото творештво оставил простор и за најголемиот христијански празник.
Добро утро православни, уживајте во “Оган спроти Велигден”:
Оган спроти Велигден
Одненадеж потемне небото од чад
што штипеше во очите, во грлото
и што го вознемири добитокот како спроти потоп
та скокајќи, рикајќи се разбега низ полето.
Дечиња си играа, се валкаа, прескакаа едно преку друго
сè дури огнот не ја префрли оградата
и не се нафрли на усамената куќерка на старичката.
Бездушно заигра црниот оган по стеблата, по гранките,
го зафати покривот од сите страни
и како се скаменија децата од ужасот
така се чу она темно, она грозно крцкање на гредите
како коски човечки да се кршат.
Кога се урна, кога стрешти,
кога се дигнаа некои црни пепелишта нагоре,
старичката само се прекрсти и си легна на земја:
огнот барем земјата не ја гори, рече кутрата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЕНЕСКА Е ТОМИНА НЕДЕЛА: Мал Велигден, една…
Денеска е Томина Недела или Нова Недела,…
Денеска се празнува Светол Понеделник
Откако слугите на првосвештениците израилски го фатија…
Македонците во Белгија го чествуваат Велигден
Со традиционалниот поздрав „Христос Воскресна, Навистина Воскресна“…
Американската и руската амбасада во Македонија го…
Амбасадата на Соединетите Американски Држави и Амбасадата…
Христос Воскресе! За многу години Велигден!
Христос Воскресе! Навистина Воскресе! Редакцијата на Инфомакс…