Добро утро со Инфомакс: Оган спроти Велигден
Денеска, на вториот ден од Велигден, повторно Ви издвојуваме дел од поезијата на Анте Поповски, кој во богатото творештво оставил простор и за најголемиот христијански празник.
Добро утро православни, уживајте во “Оган спроти Велигден”:
Оган спроти Велигден
Одненадеж потемне небото од чад
што штипеше во очите, во грлото
и што го вознемири добитокот како спроти потоп
та скокајќи, рикајќи се разбега низ полето.
Дечиња си играа, се валкаа, прескакаа едно преку друго
сè дури огнот не ја префрли оградата
и не се нафрли на усамената куќерка на старичката.
Бездушно заигра црниот оган по стеблата, по гранките,
го зафати покривот од сите страни
и како се скаменија децата од ужасот
така се чу она темно, она грозно крцкање на гредите
како коски човечки да се кршат.
Кога се урна, кога стрешти,
кога се дигнаа некои црни пепелишта нагоре,
старичката само се прекрсти и си легна на земја:
огнот барем земјата не ја гори, рече кутрата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Демолиран штабот на СДСМ во Јегуновце на…
На најголемиот христијански празник – Велигден, во…
И затворениците во ,,Шутка” се кршеа со…
Големиот христијански празник Велигден денеска се прослави…
Мицкоски: Само заедно, со меѓусебна почит и…
Честитка од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски…
Гаши: Нека Велигден биде поттик за уште…
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, по повод…
Денес се празнува Воскресение Христово – Велигден
Откако слугите на првосвештениците израилски го фатија…