Добро утро со Инфомакс: Оние што би дошле да нè ослободат, ќе дојдат всушност, да нè поробат

t

Јане Сандански е еден од најпознатите македонски револуционери, Пиринскиот цар, како што народот милувал да го нарекува, а ние уште го паметиме.

Ставовите на Јане многу јасно се определени од Христо Силјанов, учесник и историчар на македонското револуционерно движење. Меѓу останатото тој напишал: Јане ја разви тезата дека е погубно за македонското население и за самата Бугарија, македонското прашање да се третира во смисла на национално обединување со Бугарите… Сите кои агитираат било во Македонија, било надвор од неа на база: ослободување и обединување со Бугарија, треба непријателски да бидат пречекани од ВМОРО, така како што се пресретнуваат од Организацијата српските и грчките агитации и чети. Според истиот автор, Јане објаснувал дека: треба да се работи за пробудување на сознанието кај масите, дека тие се самостоен народ, дека имаат право на самостоен живот и треба да се борат за извојување на своја слобода, без да се потпираат на туѓа помош, зашто тие кои би дошле да ги ослободат, всушност ќе дојдат да ги поробат. Овие погледи на Јане се потврдуваат од голем број на различни извори. Оттука, Родолофо Фоа во весникот Л’Италија ал’Естро (L’Italia all’Estro), пишува дека Јане проповедал дека:

-Македонците ќе ја ослободат Македонија без мешање на соседните држави: во Македонија не треба да има ниту Бугари, ниту Грци, ниту Срби, ниту Романци, ниту Турци, туку само Македонци.

„Ние треба да работиме за будење на сознанието кај македонските маси дека се тие самостоен народ, дека имаат право на слободен живот и дека треба да се борат за извојување на својата слобода, без да се потпираат на туѓа помош, зашто оние што би дошле да не ослободат, ќе дојдат всушност, да не поробат”.

“Ние не ја мразиме Бугарија и нејзиниот народ, туку се спротивставуваме на нејзината политика, која е спротивна на нашите идеали и интереси”.
“Да пиеме за слободна и автономна Македонија за која се бореа и дадоа скапи жртви сојузените балкански народи” – на банкетот во Солун, по повлекувањето на Турците 1912 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…

Пендаровски-Османи: Заеднички напори за стабилност во регионот

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Приштина, во…