Добро утро со Инфомакс: О тирани, чујте, денот веќе иде и нашата одмазда црвена ќе биде!
Коста Абраш (Абрашевиќ) е македонски поет, роден во Охрид, но неговото семејство се преселило во Шабац, Србија. Затоа тој својата поезија ќе ја напише на српски јазик.
Починува многу млад, на 19 години, од туберкулоза.
Мотивите во неговите песни се социјалната неправда, но и непомирливоста со неа, односно револуционерниот бунт.
Во песната „Црвена“ многу јасно и гласно го искажува својот гнев и гневот на сите обесправени, кој постепено прераснува во бунт, револт, омраза и желба за одмазда, и тоа „црвена“ одмазда!
Пораката на поетот во оваа песна е дека само преку решителна борба може да се дојде слобода – и социјална и национална.
Добро утро Македонци, во продолжение “ЦРВЕНА”:
Црвена
Црвена е крвта што врие и тече,
црвена е молњата облаци што сече,
црвено е небото в зори што се смее,
црвено е знамето гордо што се вее;
и гневот е црвен на стари и млади.
О, тирани, чујте – денот веќе иде –
и нашата одмазда – црвена ќе биде.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…