Добро утро со Инфомакс: Писмо до Македонците

t

Катица Ќулавкова е книжевен теоретичар, есеист, антологичар, критичар, универзитетски професор, поет и раскажувач, академик – редовен член на МАНУ.

Катица Ќулавкова има напишано, приредено и објавено над педесет книги (поезија, раскази), научни студии, збирки есеи и критики, хрестоматии и антологии кои се неодминливи во просудувањето на книжевните феномени, фела, факти и вредности и кои имаат оставено силен печат во профилирањето на новите и релевантни теориско-методолошки концепции на книжевноста, во сите нејзини носечки видови: поетскиот, раскажувачкиот, драмскиот и есеистичкиот.

Добро утро Македонци, уживајте во “Писмо до Македонците”:

Сите ме имаат и пак сум цело

и божествено, само вие

ме шутнавте за ништо, неверни

па ред е да ви кажам:

Да бев на ваше место

ќе го чекав секој изгрев на Сонцето

како да е неповторлив.

Да бев на ваше место

ќе ѝ се поклонував на секоја педа

на вашата земја од убавини стаписана :

И на оној лав препуштен на заборавот

И на оној рис здивен од талкање

И на оној кристално чист лорандит

црвен како името на Кокино

И на оној Адам од Говрлево

обезглавен, а сепак совршен

И на онаа Мајка Голема од Маџари

неразделна од огништето

И на оние златни маски и ракавици

глетани крај Охридското езеро

И на онаа Венера Срамежлива

која блика од сјајот на вашиот мермер

И на оние страсни вајари, резбари, сликари

на оние ѕидари кои го намамиле звукот

за да ја доловат акустиката на светоста

Па и на оној ваш јазик древен –

она засолниште на душата

оној жиг на тајното предание

Да бев на ваше место, дејгиди, да бев

никогаш немаше, никогаш немаше да се случи она чудо лудо

да бев на ваше место!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…

Пендаровски-Османи: Заеднички напори за стабилност во регионот

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Приштина, во…