Добро утро со Инфомакс: Самовили глави веднеја – Тешко на тија, горко им, така што гинат на војна!

t

 Кочо Рацин е македонски книжевник и комунист, најпознат по својата поезија. Се смета за еден од основоположниците на современата македонска книжевност, а неговата стихозбирка „Бели мугри“ претставува едно од најзначајните дела во современата македонска поезија.

Добро утро Македонци, денеска ви одбравме едно од делата на Рацин, уживајте во “Балада за непознатиот”:

Балада за непознатиот

Натаму – в поле битолско
чемрее врба проклета –
под врбата незнаен гроб,
в гроб лежи војник непознат.

Лежи од војна световна,
лежи – и веќе земјосал –
силно го тога изела
задека тука загинал.

Никој крај него немаше –
вишното небо врз него,
земјата скришна под него –
над гробот врба стушена.

А таде – в гори зелени
в сума гробишта лежеа
делии – одбор јунаци
за татковината паднати.

В полноќ се над ним дрвјата
од жалба силно свиваа –
горските бистри езерца
в силна светлина светеа.

И од ним – самовилите
една по една идеа –
од гроб до гроб го дигаа
јунак до јунак – на оро.

И кога сите минеа
покрај врбата стушена –
делии се запираа
незнаен брат си викаа:

„Ја стани, море, јабанец
на оро со самовили!
зора се зори – петлите
скоро ќе в село пропеат!”

А тој од гробот тепкаше
дума врз дума чемерна: –
„Минете, браќа, врвете,
Не сум ви лика – прилика!

Кој умрел за татковината
и за човечки правдини –
каде вас, братко, не гинел,
со вас до векот живеел.

Вие му песна пеете,
вие го со песна жалите –
така се сите раѓате
и така си умирате!

А тука – зошто паднав ја?
зошто ме куршум прониза,
зошто ме земја притисна –
за кого лудо загинав?

Кажете, браќа, кажете,
кажете – па поминете –
мене ме ништо не дига,
мојата смрт е – карасмрт!”

Делии глави веднеа,
немеа самовилите –
тешко на тија, горко им
така што гинат на војна!

Немеа – туку петлите
в селото веднаш писнаа –
самовилите в горите
с делии в раци лиснаа!

Пусто остана полето,
пусто зазори зората –
чемрее в поле врбата,
чемрее – тажи непознат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Косово ќе ја тужи Србија за злосторства…

Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека…

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…