Добро утро со Инфомакс: Сите завојувачи на Македонија се обиделе да ја избришат македонската историска свест, но залудно – Кој е роден во Македонија знае и се изјаснува дека е Македонец!
Оскар Ранди бил италијански историчар, автор на есеи главно за Далмација и Балканот. Роден е во Зара на 19 јуни 1876, а починал во Рим, на 13 декември 1949 година.
Во рубриката “Добро утро со Инфомакс” најчесто споделуваме погледи на македонски автори, поети, историски личности, но денеска, решивме да споделиме став на овој италијански историчар во врска со Македонија и Македонците.
Добро утро Македонци, еве што мисли Оскар Ранди за македонскиот народ:
Сите завојувачи на Македонија – Хелените, Римјаните, варварите со нивните големи преселби, Турците, се обиделе да ја избришат македонската историска свест, наметнувајќи ѝ на земјата административни имиња, и тоа вештачки.
Но, залудно. Кој е роден во Македонија знае и се изјаснува дека е Македонец, пишува Ранди во 1933 година.
А историјата и се повторува на Македонија и денес, во време на слобода и своја држава, со бришење на македонската свест.

(Извор: Nurigiani G., La Macedonia nel pensiero italiano, Roma, Casa Editrice Ausonia, 1933, p.125
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…