Добро утро со Инфомакс: Слободата на Македонија не ќе биде подарок, туку крвав откуп
Пиринскиот цар, еден од најистакнатите македонски револуционери, Јане Сандански, зад себе оставил низа дела кои во македонската историја се запишани со златни букви.
Сандански не бил само револуционер, бил интелектуалец, епитет кој може да им се даде на голем дел од војводите и борците за слобода на Македонија.
Добро утро Македонци, денеска ви издвојуваме неколку мисли од Пиринскиот цар:
– „Да, Македонија не треба да бара помош надвор од себе, туку во самата себе. Нејзината слобода не ќе биде подарок, туку крвав откуп, платен со илјадници жртви, какви што ние дадовме и продолжуваме да даваме”.
– „Mакедонскиот народ е самостоен народ кој има право на самостоен живот” и затоа “Tреба да се борат за издвојување на својата слобода без да се надеваат на туѓа помош, зошто оние кои ќе дојдат да ги ослободат, всушност ќе дојдат да не заробат.” – Јане Сандански, Рилски конгрес, 1905
– „Не бугарска Македонија сакаме ние, туку Македонија на Македонците, Македонија ослободена од тиранијата.” – Писмо до Грците, жители на Мелник, 1904 година.
– „Јас не очекувам брзо ослободување на Македонија. Тоа може дури и да не дојде додека сум жив, но јас сакам да го зачувам народот и да го организирам и ако тоа стане, тој сам ќе си ја извојува својата слобода”.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…