Добро утро со Инфомакс: Тамо по срце в кавал да свирам, С’нце да зајдвит, ја да умирам

t

Копнежот по топлите родни краиша, наспроти студот во Русија, го инспирирал македонскиот поет и преродбеник Константин Миладинов да ја напише познатата “Т’га за југ” во која ја излева сета носталгија кон родната Македонија.

Песната е напишана на народен македонски јазик, струшки дијалект и претставува извонредно дело на Миладинов градено врз антитеза со која ги прикажува сите темнини на Русија, наспроти целата топлина на Македонија.

Добро утро Македонци, уживејте во “Т’га за југ”:

Орелски крилја как да си метнех,
И в наши ст’рни да си прелетнех
На наши места ја да си идам,
Да видам Стамбол, Кукуш да видам,
Да видам дали с’нце и тамо
Мрачно угревјат како и вамо.

Ако как овде с’нце ме стретит,
Ако пак мрачно с’нцето светит
На п’т далечни ја ќе се стегнам
И в други ст’рни ќе си побегнам,
К’де с’нцето светло угревјат,
К’де небото ѕвезди посевјат.

Овде је мрачно и мрак м’ обвива
И темна м’гла земја покрива:
Мразој и снегој и пепелници,
Силни ветришча и вијулици;
Околу м’гли и мразој земни,
А в гр’ди студој и мисли темни.

Не, ја не можам овде да седам,
Не, ја не можам мразој да гледам!
Дајте ми крилја ја да си метнам,
И в наши ст’рни да си прелетнам:
На наши места ја да си идам,
Да видам Охрид, Струга да видам.

Тамо зората греит душата
И с’нце светло зајдвит в гората:
Тамо дарбите природна сила
Со с’та роскош ги растурила:
Бистро езеро гледаш белеит
Или од ветар сино – темнеит;
Поле погледниш или планина,
Сегде божева је хубавина.

Тамо по срце в кавал да свирам,
С’нце да зајдвит, ја да умирам.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…