Добро утро со Инфомакс: Те барам во жестоката можност за обединување на мојот раштркан народ!

t

Можеби не сме многу на број, не сме ни големи по територија, ама Македонија и Македонците ги имаат великаните на поезијата, луѓе кои преку пишаниот збор се бореле за својата држава.

Некогаш пенкалото е посилно од пушката, побрзо освестува, а се чини на Македонците повторно им треба освестување, будење од кошмарот во кој живееме.

Зборовите на Петре Мито Андреевски се неповторливи и ненадминати, никако стари, секогаш актуелни.

Добро утро Македонци, уживајте во “Петто писмо” на Петре М. Андреевски.

ПЕТТО ПИСМО

A те барав во учебниците, те барав низ вековите,
во заседите на ветрот, во прангиите на зимите,
во неразбраниот срам на хоризонтот пред зајдисонце,
во неразбраниот копнеж на ракатката – тутун,
што ce дипли и оддиплува меѓу прстите,
во раскуќената светлина од слепите и мртвите,
во рамнотежата меѓу минатите дни и идните ноќи,
во ропството на душата од дувачите на стакло.
Te барав во нагласокот од непознатите јазици,
во отседланите вечери и празните постели сред поле,
во вчудовидената јаглика на увото од билјарките,
во интерпункцијата од говорот на уплаканите деца,
Te барам во жестоката можност за обединување
на мојот раштркан народ,
во стракот киселица, во неупотребениот воздух,
што ги караше и миреше соседните села,
покрај наковалните од жешките и женски пладниња
меѓу овошките упатени кон својата сезонска цел,
во иглата што го зашиваше темното и светлото.
Te барав, наслушувајќи го подземното тапанче
што беше срцето на успаните жетвари.
Te барав во незавршениот страв на ѕвездата што паѓа,
не можејќи ништо да допре во просторот.
Te барав, те барам, во cè и сешто,
Te барав, a барајќи можев само да те сретнам,
но не и да те најдам, но не и да те најдам.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…

Пендаровски-Османи: Заеднички напори за стабилност во регионот

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Приштина, во…