Добро утро со Инфомакс: Ти си вечна, а ние минлив молк – Ќе те грее Сонцето уште долго!
“Колку повековита, толку попосакувана” вели за Македонија Марко Виденовиќ ама додава “и од добронамерници и од пакосници”.
Поезија со многу вистина и многу љубов за родната грутка.
Добро утро Македонци, уживајте во “Македонија” :
МАКЕДОНИЈА
Како стареам, сѐ повеќе те засакувам,
а ти, колку повековита,
толку повеќе посакувана,
и од добронамерници, и од пакосници.
Да научевме сѐ што не научивме
сега ќе беше поинаку,
ќе беше во срцето на секој оној
кој во твојата душа влегол,
а ние, трње и остри сабји ти заривме,
оти кога требаше да вриснеме, да се вивнеме,
ние замолкнавме, се свиткавме, премолчевме
и сега катаден вината во другиот ја бараме.
Туку надеж ми е, ти си вечна,
а ние минлив молк,
ќе те грее сонцето уште долго,
па може во некоја зора ќе се родат чеда
што не ќе молчат и не ќе се плашат,
повторно ќе те воздигнат
и ќе научат да те чуваат.
Вечна да си Македонијо!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…