Добро утро со Инфомакс: Толку се страхувам, некоја јанѕа ме јаде, да не би одново да Те раздадеме!

t

Гане Тодоровски е еден од плеадата македонски поети кои оставиле траен печат во македонското творештво.

Како и многу други, и за него Македонија била неисцрпен извор на инспирација.

Сите премрежја на Македонците, го “плашат” Гане дека Македонија одново ќе биде раздадена. И со право…

Добро утро Македонци, уживајте во “Македонски монолог”:

МАКЕДОНСКИ МОНОЛОГ

В крвта ни остана едно недоречување,

ропско, македонско и зошто не: наметнато!

И требат тони грижи на појќе поколенија

за да се истријат тие петна

на срам од себеси, од себепремолчување.

Не знам дали сум јасен, Родино,

но сета дарба што ја носам и за себе ја викам

најобично несокривање на мислите,

ќе Ти ја завештам во трајна своина

оти нам ќе ни бидат недоволни нашите години

за да Те дотераме како милноина

и како наш протеј да Те осмислиме.

Самите се нарековме тоа што сме,

самите в часот зол и ќе се преброиме –

но, пуста таго ле, смев до смев па грев до грев:

одвеќе сотиме! И ако така уште постиме,

не ќе постоиме!

Кои ли бевме? Кои сме? Од кај ли дојдовме?

Кого ли турнавме, кого ли качивме на престол?

И дали не ни е нужен некојси дедо Фројд

за да ги одгатне нашите нејасни гестови?

Толку се страхувам, некоја јанѕа ме јаде

да не би одново да Те раздадеме!

Толку го демне срцево голомразица

да не би Те запретеаме во фрази,

па како сите умници на светот

што саможивништвото за вјерују го прифатија,

да се извикаме гордо и клето:

Ubi bene ibi patria!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…

Петрова и Муцунски во четврток ќе се…

Министрите за надворешни работи на Македонија и…

Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…

И покрај законските гаранции за еднаква плата…

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…