Добро утро со Инфомакс: Тој што учит книга на туѓ јазик е еднаков на тој што ја отфрлат мајка си и на нејзино место зема друга
Идејата за создавање македонски литературен јазик кој ќе произлегува од народниот јази и говори, за кој отсекогаш се знаело дека е посебен и различен од соседните јазици, си има свој континуитет. Доказ за тоа е и појавата на македонската учебникарска дејност од 19 век. Иницијативата за пишување македонски учебници на македонски народен јазик била оневозможувана од страна на грчката и бугарската страна кои го наметнувале своето влијание во Македонија.
Учебникарството претставува значаен фактор во развојот на македонската културна и национална посебност.
Еден од најистакнатите меѓу луѓето кои науката денес ги нарекува учебникари е токму Партенија Зографски, учебникар, фолклорист, филолог и прв македонски митрополит.
Роден е како Павле Тризлоски,син на Доста и Василко. Првото образование го добил во манастирот Св.Јован Бигорски,а потоа во Охрид бил ученик на Димитар Миладинов.Се образувал во многу градови (Солун,Атина,Одеса,Киев,Москва,Цариград),а се замонашил во манастирот Зографски(на Света Гора,1842г.)под името Партениј.
Неговиот животен пат е врзан за Бог и за сопствениот народ. Партениј Зографски се залагал за создавање македонски литературен јазик врз основа на западномакедонските говори.
Добро утро Македонци, во продолжение ви пренесуваме мисла на Партенија Зографски во врска со македонскиот народен јазик, односно, неговиот став за мајчиниот јазик и неговото значење:
,,Учи напред книга на свој јазик, после ако имаш време, учи и на други јазици.
Тој што учит книга толко на туѓ јазик, а не на својот, тој е еднаков со оној што ја отфрлјат мајка си и на место неја земат друга“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…
Во Хрватска е уапсен е градежен работник…
Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен…
360 степени: (Не)скриени актери во Македонија потпалуваат…
Повеќе интернет-портали и фејсбук-страници на македонски јазик…
Сиљановска: Убедени сме дека Македонија има многу…
Билатералните односи меѓу Македонија и Индија да…
Мицкоски за инвестициите во дата центри: Ние…
Се обидуваме да ја развиваме државата, да…