Добро утро со Инфомакс: Чинам треба да сториме сè да ја заболи Европа, да се свести дека и другите поробени луѓе имаат право на живот и слобода

t

Петар Манџуков е македонски револуционер, просветен работник, анархист, еден од основачите на Македонскиот таен револуционерен комитет во Женева, како и соработник на илегалните весници „Отм’штение“ и „Глас“. Бил учесник во четата на Гоце Делчев. Бил ценет автор на мемоарска белетристика. Позната е неговата мемоарска проза „Предвесници на бурата“.

Добро утро Македонци, во продолжение ви пренесуваме една мисла од Петар Манџуков.

„Нашиот несреќен македонски народ е изложен на безброј несреќи и понижувања од Турците… Далеку позагрижувачки е поведението на Европа, која за сметка на своите сомнителни интереси го заборава својот долг кон еден мал народ во срцето на светот. Ми се чини дека нашата должност во моментот е борбата да ни биде свртена кон таа Европа, која одлучува за судбината на нашиот народ, а потоа борбата со Турците ќе биде беспредметна. Чинам дека треба да сториме сè, да ја заболи Европа, удирајќи ја по џебот за да се свести дека и другите поробени луѓе имаат право на живот и слобода… македонскиот народ… не може да се ослободи со едно востание… Ние сакаме да жртвуваме сопствени, а не народни животи… Ние сакаме повремено да предизвикуваме судири… и преку нашата крв да го свртуваме вниманието и симпатиите на човекољубивата Европа… македонското прашање ќе може… да се реши само ако ние, водечките Македонци… постојано предизвикуваме безредици.”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ахмети: ДА за Европа, НЕ за Русија

Али Ахмети во својот говор во Гостивар…

Полскиот премиер вели дека Европа минува низ…

Полскиот премиер Доналд Туск смета дека Европа…

Мелони контра Макрон: Му кажав дека сум…

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека лично…

Зеленски повторно удри метла: Разрешен е секретарот…

Владимир Зеленски во вторникот го разреши Алексеј…

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…