Добро утро со Инфомакс: Јас МАКЕДОНИЈАВА ја прогласив за вера и за храм!

t

Гане Тодоровски е еден од плеадата македонски поети кои оставиле траен печат во македонското творештво.

Како и многу други, и за него Македонија била неисцрпен извор на инспирација.

По премрежја на Македонците, Гане ја прогласува Македонија за вера и храм на македонскиот народ.

Добро утро Македонци, уживајте во “Старечка песна”

„Ете ја тајната на недоодот на мојот СПОКОЕН ЧЕКОР.
Јас МАКЕДОНИЈАВА ја прогласив за вера и за храм.
Имено, поради тоа сум долговечен и непореклив!
Имено, поради ова, токму поради ова немам ни трошка срам
Дека ме бројат сѐ уште за жив!
Бидејќи, слушнавте, нели, јас м а к е д о н с т в у в а м.
Го чинам тоа како дотресок од едно славно племе,
Грижејќи се да го растолкувам
Лудово и растрчано време.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Утре без струја делови од Скопје, Тетово,…

Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре,…

Косово разоткри и обвини српски шпион на…

Специјалното обвинителство на Косово поднесе обвинение против…

Пожари и натаму беснеат во пет општини…

Пожари и денеска се активни во пет…

Пополека ја губиме војната, има уште неколку…

Украина се чини дека полека ја губи…

Биткоинот повторно отиде над 80.000 долари

Биткоинот скокна над 80.000 долари во вторник,…