Добро утро со Инфомакс: „Јас не сум Бугарин, ниту Грк, ниту Цинцар, јас сум чист Македонец како Филип и Александар Македонски и Аристотел филозофот“

t

Ѓорѓија Пулевски е македонски писател на кратки дела, лексикограф, историчар и воен водач. Пулевски е автор на првата печатена македонска граматика и автор на еден од првите речници на македонски јазик.

Пулевски е роден во Галичник, учесик во неколку војни, меѓу кои и руско-турската војна. Во Руско-турската војна, од 1876 до 1878 година, Пулевски учествувал како заповедник на одред македонски доброволци во битката на Шипка. Веднаш потоа бил назначен за прв околиски управител на градот Ќустендил и за своите заслуги добил орден ‘Св. Георгиј’ и сабја од рускиот император.

Пулевски учествувал и во Кресненското востание, еден од најголемите и најорганизирани облици на отпор против османлиската власт во Македонија.

Денеска, во чест на Пулевски, Ви пренесуваме неколку негови ставови за македонскиот народ, за јазикот, за историјата…

Добро утро Македонци, еве како зборуваше и пишуваше Пулевски.

“Македонците се староседелци на Полуостровот. Тие го пречекале доселувањето и на Бугарите и на Грците и на Србите.” – пишува Пулевски во 1892 година во делото “Славјаномакедонска општа историја”.

-“Миje славjани коjи се наодиме од Македониjа, на jужноисточни краи, Јевропа од Шар до Доспад старославjани сме и нашиjов jазик се велид миjачки, коjе значи чист разговор” – пишува во 1875 во “Тријазичник”

-“Со Бога напред, напролет ќе удриме на Турција сите ние синови славомакедонски. Или сите ќе изгинеме, или повторно ќе го издигнеме царството на Александар Македонски!” – Ѓорѓија Пулевски, во 1878 година.

„Јас не сум Бугарин, ниту Грк, ниту Цинцар, јас сум чист Македонец како Филип и Александар Македонски и Аристотел филозофот“.

-“Народ се вељид људи који е од еден род и кои зборувајед еднаков збор, и који живунајед и се другарад еден со други, и који имајед јаднакви обичаји и песни и весеља; тије људите ји викајд народ, а место во које живувад народ се вељид отечество од тои народ. Така и Македонциве се народ и местово њивно је Македонија.” – Тријазичник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…

Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…

Со честитка по повод Денот на независноста…

Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…

Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…

Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…

Растот на индустриското производство во вториот квартал…

Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…