Договорени двајца, се преговара со уште шест – Ќе има ли уставни измени пред избори?

t

До редакцијата на Инфомакс деновиве дојдоа информации од неколку адреси дека во ВМРО-ДПМНЕ по последната посета на одговрониот за Европа и евроазија во американскиот Стејт Дипартмент- Брајан О Нил, се случуваат одредени чудни дури за не верување промени и придвижувања кои доаѓаат од врвот на раководствоото на партијата односно од самиот претседател Христијан Мицкоски.

Имено Мицкоски, според информациите кои допреа до нас, деновиве веќе разговарал со неколку пратеници, со секого на само, за кои веројатно сметал дека се полиберални по однос на прашањето поврзано со промена на уставот околу нивно гласање за уставните промени.

Настапот одел во правец дека партијата е во незавидна ситуација бидејки преставникот на САД многу отворено и јавно дава до знаење дека САД и западот ќе даде силна подршка на СДСМ и Димитар Ковачевски на овие избори, доколку не дојде до промена на уставот пред изборите, со што може да биде загрозена очекуваната престојна победа или во најмала рака составањето мнозинство во парламентот и влада после изборите. Кажал дека во следниот период и други преставници на сојузнички земји ќе имаат слични настапи, но и конкретни мерки кои сериозно ќе ја усложнат состојбата на партијата.

Потоа преминал на тоа дека тој не би имал ништо против доколку конкретниот пратеник самостојно ,,како своја лична одлука,,, а не како партиска одлука гласа за измените на уставот, и дека напротив тој длабоко ќе го цени тој чин како помош на партијата во многу тежок момент, иако, нагласил, јавно ќе мора да се огради и да го осуди чинот во периодот кога ќе се случи. Потенцирал дека за да ги задржи гласачите, партијата ќе мора јавно да се спротистави на тоа, но дека работите и односите со нив лично ќе се средат и обноват по изборите одкако ВМРО-ДПМНЕ ќе состави влада и ќе ја превземе власта во Македонија.

Мицкоски кажал дека за оваа услуга веќе се обезбедени и високи парични награди како компензација на големиот товар што треба да го понесат поединците, но и гарантирал рехабилитација и функција најмногу една година по превземањто на власта, период за кој ценел дека е потребен за божемно спонтано помирување, бидејки како што кажал, ,”ние само ќе одглумиме дека сме скарани, оти мора така сега”.

При тоа додал, дека решавањето на ова прашање е неизбежно и дека тој и онака планирал тоа да го реши во првите шест месеци по изборите, но дека притисокот од надвор е до таа мерка голем, што во прашање е дали ќе им дозволат да формираат влада доколку сега не го решат прашањето.

На овој начин, како што објаснил Мицкоски, партијата сигурно доаѓа на власт. Нагласил “овие се готови и само нашето спротиставување на промена на уставот им дава кислород”. Тој исто така додал дека бидејки ќе се огради од учество во гласањето на уставот и “штетите за партијата ќе се минимални и потоа имаме чист терен и нема што да не сруши најмалку два мандата”.

Мицковски убедувал и дека ќе добие подршка и од странците не само за прв, туку и за втор мандат ако сега го реши прашањето, објаснувајки дека ако обезбеди шест пратеника, тој тајно би соопштил за планот на клучните актери во меѓународната заедница, а потоа тие еден по еден би требало да го потврдат тоа пред нивни преставници за да се знае дека заслугата е негова.

Неколку пати во тек на средбите споменувал, дека “тоа длабоко ќе се цени од надвор кон партијата но и кон оние кои ќе гласаат”, а партијата со помош на сојузниите внимателно ќе работи на нивна рехабилитација цели 12 месеци по изборите, период во кој и граѓаните ќе свателе дека нема ништо лошо и страшно во таа промена, по што тие ќе добијат високи државни функции. Објаснувал и дека ставањето на бугарите во уставот е мала работа од која земјата нема да има некаква штета, но дека атмосферата е таква во моментот, што ако партијата пред изборите ја прифати постои ризик да не дојде на власт бидејки гласачите и членството кои не биле добро едуцирани околу се ова ќе се разочарале.

“Така со доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја спасиме Македонија”, истакнал тој.

Во однос на паричната награда споменал износ за пратеник од два милиони евра, но додал, дека за износот може да се разговара и дека се надева дека ќе може да се удвои. Не навел кој плаќа, но според настапот не плаќа партијата, штом ги охрабрувал да се ценкаат за поголема парична награда.

Ако се ова се покаже за точно, се прашуваме, ако наградат за пратеник е неколку милиони евра, колку ли е за самиот Мицкоски.

Инфомакс ќе продолжи да работи со цел да ги потврди овие информации, и да прибере дополнителни. Дел од деталите кои ни беа пренесени не ги објавуваме заради заштита на нашите извори.

Пишува: А. Митовски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доаѓа невреме во Македонија

Во нашата Република Македонија се до петок…

Што се случува во РЕК Битола, врие…

Во моментов огромно полициско присуство има во…

Откако цела Македонија ги виде заканите кон…

Дел од родителите на починатите во трагедијата…

Се запали РЕК Битола! Се вклучил аларм…

Вториот блок во РЕК „Битола“ од утринава…

Koстадинов за ДПМНЕ: Нема отпор, нема храброст…

КАДЕ Е ПАТРИОТИЗМОТ, ВМРО-ДПМНЕ?! На вашата “патриотска”…