Договореното од историската комисија треба да се спроведе во рок од две години!
Со Протоколот што е потпишан минатиот месец, владите на Македонија и Бугарија имаат обврска во рок од две години откако ќе бидат постигнати некакви резултати и објавени, да ги спроведат, и тоа обострано врз принципот на реципроцитет, изјави денеска на прес-конференција вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во врска со препораките на заедничката Комисија за историски и образовни прашања, усогласени од македонска и од бугарска страна.
– Со Протоколот што е потпишан минатиот месец, Владите имаат обврска во рок од две години откако се постигнати некакви резултати и објавени, да ги спроведат. Секако тоа оди во фази и низ филтрите на институциите. Она што е задача на Комисијата е да утврди точки и наратив текстови за заедничко чествување и за евентуална корекција во учебниците. Притоа да не заборавиме, тој текст којшто е договорен и Бугарија и Северна Македонија подеднакво имаат обврска да го имплементираат во својот систем и тоа функционира на принцип на реципроцитет, односно важечка е само доколку заедно ги имплементираме во двата системи, рече Маричиќ во одговор на новинарско прашање на прес-конференцијата во Владата.
Во однос на содржината на договореното, рече дека тоа останува на историчарите, но напона дека е вредно да се спомене дека во Комисијата членуваат седум врвни историчари, коишто ние како држава сме ги поставиле, вклучувајќи ги и оние коишто, вели, во меѓувреме заминаа од таа Историска комисија, а кои се согласиле околу текстот за цар Самоил.
– Ние целосно ја поддржуваме работата на Комисијата, и се што можеме како институција ќе помогнеме. Секако ќе бидеме внимателни да го заштитиме нашиот интерес, бидејќи им веруваме на луѓето коишто работат таму, а сите чекори во врска со имплементација на договореното ќе бидат координирани со нашите филтри на институциите и со комисиите за учебници, со сите оние други инстанци во Министерството за образование и наука и Владата и нема да направиме ниту еден чекор еднострано, значи се она што ние ќе го направиме би очекувале да го направи и Софија, рече вицепремиерот Бојан Маричиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Бугарија се разгледува решение за проблемот…
Бугарија подготвува нови правила со кои треба…
Откорната таблата пред македонската амбасада во Софија
Поддржувачите на „Фондацијата Македонија“ на контроверзниот Виктор…
Осуденик кого Македонија го бара со потерница…
Симеон Михаилов, осуден за обид за убиство…
Истрага на Ковеши во Германија стигна и…
По барање на Европското јавно обвинителство во…
Пожар во близина на Рилскиот манастир, ќе…
Пожар избувна во реонот на Рилскиот манастир,…