„Договорите не се поништуваат“ и „Уметниците не се понижуваат“ – порака на СКРМ пред Уставен
Синдикатот на културните работници на Македонија (СКРМ) денеска на протест пред Уставниот суд во Скопје.
Порачаа „Договорите не се поништуваат“ и „Уметниците не се понижуваат“.
Предупредија дека евентуалното уривање на Колективниот договор за култура не би било само удар врз еден сектор, туку опасен преседан за сите колективни договори и за сите стекнати работнички права.
Собирот беше најавен со мотото „Кога гасите уметници – го гасите светлото“.
Пред Уставниот суд, културните работници порача дека ова не е техничко прашање, ниту правна ситница, туку суштинско прашање за тоа дали правото важи еднакво за сите.
Нагласија дека Уставниот суд треба да биде последниот штит на правдата и последната линија на одбрана на уставноста и законитоста, но дека правдата не смее да стане симбол на молк, селективност или игнорирање на реалноста
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови откритија на „Старо Бонче“: Средновековни гробови…
На археолошкиот локалитет „Старо Бонче“ се откриени…
Пандов на средба со делегација на Европскиот…
Директорот на Управата за извршување на санкциите,…
Македонски државјанин убиен во Германија
Дваесет и седумгодишен маж од Северна Македонија…
72-годишен Полјак се преценил кај Куратица —…
Пензионер од Полска одбрал авантуристички да го…
МОН: Неточни и лицемерни се тврдењата на…
Министерството за образование и наука (МОН) како…