Додека Гостивар е затруен – ДУИ: „Без ниту еден директор Албанец, со незаконски заменик-директор. Зошто молчи Програмскиот совет на МРТ“

t

ДУИ преку соопштение обвини дека именувањето на заменик-директорот на Македонската радио-телевизија (МРТ) е незаконско и побара надлежните институции да ја испитаат законитоста на постапката.

Од партијата велат дека седум дена по именувањето, Програмскиот совет на МРТ сè уште не дал образложение за одлуката, која, според нив, е спротивна на законските одредби.

Во соопштението се тврди дека именуваното лице не ги исполнува условите за функцијата, бидејќи дел од работното искуство што му е признаено било стекнато пред завршувањето на високото образование. ДУИ наведува и дека јавно достапните информации покажуваат дека последниот испит го положил во 2024 година.

Партијата истовремено обвинува дека Албанците се исклучени од раководните структури на јавниот сервис, наведувајќи дека за првпат од 2007 година МРТ нема ниту еден директор Албанец. Според ДУИ, ниту на советничките позиции во кабинетот на директорот нема именувано претставник од албанската заедница.

Од ДУИ оценуваат дека станува збор за систематско исклучување и политичко влијание врз јавниот сервис, поради што ги повикуваат Здружението на новинарите на Македонија, Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Јавното обвинителство и Државната комисија за спречување на корупцијата да реагираат и да го испитаат случајот.

Во соопштението ДУИ наведува дека ќе продолжи да ги користи сите законски и институционални механизми за, како што велат, заштита на законитоста, професионализмот и мултиетничкиот карактер на Македонската радио-телевизија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија ги отфрла обвинувањата за дроновите во…

Официјална Москва најави реципрочни мерки против Берлин…

Администрацијата на Трамп следела новинари, Демократите бараат…

Двајца демократски членови на американскиот Конгрес побараа…

(Видео) Зеленски предупредува: Однесувајте се кон рускиот…

Зеленски преку видео обраќање побара светот да…

Германија ја носи руската саботажа пред Советот…

По обидот за бомбашки напад на аеродромот…

Муцунски: Македонија силно го осудува рускиот хибриден…

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски преку…