Објавено на:

„ДОДЕКА СУМ НА ВЛАСТ ТОА НЕМА ДА СЕ СЛУЧИ!“ Путин ќе стапне на тлото на Турција, Ердоган брутално го разнесе Западот!

t

Да не беа нашите напори во изминатите две години, „западниот клуб“ ќе ја вовлечеше Турција во војна против Русија. Додека сме тука, тоа нема да го дозволиме, нагласи турскиот претседател.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека постои можност рускиот претседател Владимир Путин да ја посети Турција и дека Западот нема да ја вовлече неговата земја во војна против Русија додека тој е на власт.

Како што истакна, Путин ќе учествува на церемонијата на полнење гориво на турската нуклеарна централа „Акуја“ закажана за 27 април.

– Проектот за изградба на нуклеарна централа Акују успешно се реализира. Постои можност господинот Путин да ни биде гостин на церемонијата. Можеби и заедно ќе учествуваме во онлајн формат – објасни турскиот лидер во интервју за ТВ Хабер.

– Да не беа нашите напори во изминатите две години, „западниот клуб“ ќе ја вовлечеше Турција во војна против Русија. Додека сме тука, тоа нема да го дозволиме – нагласи турскиот претседател.

– Нашата намера е да вложиме сериозни напори и да ја играме улогата на посредник меѓу Руската Федерација и Украина, за тие на крајот да успеат – рече Ердоган.

Претседателските и парламентарните избори во Турција ќе се одржат на 14 мај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

РУСИЈА ОДГОВОРИ СО НОВ НОЌЕН НАПАД ВРЗ…

Додека украинските беспилотни летала напаѓаа цели длабоко…

Европската комисија со шест постапки против Бугарија,…

Европската комисија покрена шест постапки против Бугарија…

Mицкоски: Ако зелената транзиција ја направиме социјално…

Зелената транзиција е неопходна, но светот ризикува…

Обвинителството бара дополнителни шест години за Тачи:…

Специјализираното обвинителство во Хаг побара Хашим Тачи…

Папата: Загрижен сум за трендовите во општеството…

Папата Лав денес цврсто го повтори противењето…