Доделени признанијата за најдобар пожарникар, полицаец и крводарител на Град Скопје за 2022 година

t

Денеска свечено доделени признанијата на најдобриот пожарникар, полицаец и крводарител на град Скопје за 2022 година.

Радува фактот што годинава станува збор за млади луѓе избрани од својот колектив како најдобри, со што се надеваме ќе се поттикнат нашите сограѓани да ја покажат својата храброст и хуманост, вели гардоначалничката Арсовска.

– За најдобар пожарникар во 2022 година истакнат со особено ефикасно и успешно работење е прогласен Иво Цветковски, предложен од Командирот на вод на Бригадата за противпожарна заштита. Цветковски изминатата година учествувал во гаснењето на бројни пожари и учествувал во технички интервенции со придонел за намалување на материјални штети и спасување на човечки животи.

За најдобар полицаец е прогласен Илија Алексовски, вработен во Полициската станица од општа надлежност Центар при СВР Скопје. Алексовски е предложен од Секторот за внатрешни работи Скопје, за особени резултати при реализација на многубројните задачи и активности за потребите на СВР Скопје, како и за значаен придонес во тимот.

Ардит Ќаили е најдобар крводарител на подрачјето на Град Скопје за 2022 година, кој е предложен од Црвениот крст на Град Скопје, како докажан млад волонтер од организацијата во Чаир. Со своите 23 години, како волонтер е истакнат како позитивен пример, за поттик на младите да станат крводарители и волонтери во хуманитарни акции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По пет години пауза, од 1 април…

Македонските патници од 1 април 2027 година…

Авион што летал од Германија за Турција…

Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…

Скопјанец снимен како од камион истура градежен…

50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…

Скопјанец измамил познаничка за 25.000 евра —…

Полицијата вчера уапси скопјанец бидејќи ја измамил…

Во Скопје посебен сообраќаен режим поради посета…

Посебен режим на сообраќај ќе има денеска…