Објавено на:

Додик: Ако Шмит го наметне законот за имотот, ќе прогласиме независност

t

Претседателот на Сојузот на независни социјалдемократи, Милорад Додик, изјави дека Република Српска ќе прогласи независност од Босна и Херцеговина доколку високиот претставник Кристијан Шмит наметне закон за државниот имот.

„Ако Шмит го наметне законот за државна сопственост, во истиот момент ќе биде донесена одлука за независност на Република Српска“, изјави Додик на одбележувањето на Денот на Војската на Република Српска во Бања Лука.

Тој порача дека властите во Република Српска нема да ги прифатат одлуките на високиот претставник и оцени дека сегашната Босна и Херцеговина „не може да опстане“.

Додик истакна дека Република Српска не сака конфликти, но додаде дека глобалните политички процеси би можеле да го отворат прашањето за правото на самоопределување.

Прашањето за државниот имот е едно од најспорните политички прашања во Босна и Херцеговина, а Канцеларијата на високиот претставник има овластувања да интервенира во спроведувањето на Дејтонскиот мировен договор.

Во меѓувреме, Шмит претходно објави дека нема да поднесе оставка, што дополнително ги отвори дилемите за идната улога на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија испраќа 15 бугарски војници во Турција…

Владата на Румен Радев одобри испраќање до…

Чупиќ за германски медиуми: Србија нема да…

„Во нашата изборна програма јасно ставивме до…

Ким Јонг-ун најави поголемо производство на нуклеарно…

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун посети објекти за…

Денес се празнува Свети Јован Златоуст

Патријарх Цариградски. Роден е во Антиохија во…

Метео: Видете какво ќе биде времето денес

Облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни…