Објавено на:

Додик бара една држава за сите Срби

t

Лидерот на босанските Срби, Милорд Додик во неделата повторни ги подгреа страстите со навестувањето за можно обединување на Република Српска со Србија, чиј претседател повторно ја критикуваше Хрватска која минатата година не му дозволи посета на усташкиот логор Јасеновац во кој во Втората светска војна се убиени илјадници Срби, Евреи, Роми и хрватски комунисти.

Амбасадорите на западните земји предводени САД акредитирани во БиХ најавија дека наводно им оддале почест на жртвите на Јасеновац во Доња Градина претходно оваа седмица за да го избегнат присуството на Додик и Вучиќ. Во неделата, пак, таму дојдоа амбасадорите на Израел и на Русија.

Истовремено додека во Јасеновац почест на жртвите од усташкиот режим на официјална комеморација даваше хрватскиот државен врв, владите на Србија и на Република Српска организираа засебна комеморација во областа на Доња Градина на територијата на Босна и Херцеговина, каде што исто така имало сателитски концентрационен логор.

Според официјалната историографија, во споменатото босанско село на брегот на реката Сава усташите од јануари 1942 година изведувале масовни ликвидации на логорашите. Според податоците на хрватската Јавна установа спомен област Јасеновац, таму по 1945 година се пронајдени и истражени 105 масовни гробници. Дополнително се откриени уште 22 масовни гробници чија површина не е прецизно утврдена. Српската страна обвинува дека уште во комунизмот бил намерно минимизиран бројот на убиените Срби.

На комеморацијата во Доња Градина главен говорник беше српскиот претседател Александар Вучиќ. Индиректно ги повторни обвинувањата за хрватските власти кои, како што рече, како на „неподобен“ му забраниле да замине во спомен-комплексот во Јасеновац, па поради тоа токму во неделата дошoл во Доња Градина.

„Мора да бидете на страна на убијците за да влезете во тоа светилиште (Јасеновац)“, рече Вучиќ и најави дека властите на Република Српска и на Србија поради тоа ќе изградат засебен меморијален центар во Доња Градина за да можат таму непречен да им оддаваат почит на српските жртви, како и дека уште еден ќе биде изграден во Белград.

Загреб се правдаше дека минатата година му го забранил одењето на Вучиќ во Јасеновац, каде меѓу жртвите има и членови од неговото семејство, бидејќи имал намера да оди во приватна посета, наводно без никаква најава до хрватските власти.

Во говорот Вучиќ се осврна и изборите кои во неделата албанските власти во Приштина ги организираа во четирите доминантно српски општини на северот на поранешната јужна српска покраина Косово и Метохија, на кои се противеа САД и ЕУ, опишувајќи ги како гласање за „окупацискиот гаулајтер“. Притоа прогнозираше дека пред Србија е „тешко време“ во коешто треба да се покаже решителност и единство на сите Срби.

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, се осврна на податоците за бројот на жртвите во Јасеновац, и според него таму биле ѕверски убиени повеќе од половина милион Срби од страна на „усташкото движење и хрватскиот народ во тоа време“. Официјалните податоци за поименично утврдениот број жртви во Јасеновац, од времето на комунистичката СФРЈ кои ги прифаќаат и хрватските власти говорат за 83.145 луѓе, што за Белград е неверодостоен податок.

Додик тврдеше дека логорот Јасеновац бил дел од долгорочен план започнат уште во Првата светска војна а продолжен со прогонот на Србите од Хрватска и Словенија во 1990-те години во војните при распадот на поранешна Југославија, и со воздушните удари на НАТО врз војските на босанските Срби и на Србија за да се отцепи а подоцна и од поранешната јужна српска покраина Косово и Метохија, како и претходно од Хрватска, да бидат протерани речиси сите Срби.

Додик оцени дека Србите биле најголемите жртви во војните во текот на распадот на поранешна Југославија и оти се протерани од териториите на кои со векови живееле и поради тоа имаат право да бидат во една држава.

„Ние му припаѓаме на еден народ, а еден ден ќе бидеме една држава и никој нема да нѐ спречи во тоа, бидејќи тоа е наше право“, порача Додик најавувајќи дека за тоа ќе се бори до крајот на животот.

Директно наведе дека Република Српска мора да се обедини со Србија, тврдејќи дека Босна и Херцеговина преку потезите на федерациските власти во Сараево ја загрозува слободата на Србите и ги нарушува прописите од Дејтонскиот мировен договор со кој беше запрена војната,

Додик повтори дека во Сребреница во 1995 година не се случил геноцид над Бошњаците туку воено злосторство, обвинувајќи ја Велика Британија којашто иницираше и на босанските Срби и на Србите воопшто да им се закачи етикетата на геноциден народ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Анкета) Србија е најголем сојузник на Македонија,…

За најголем сојузник на Македонија нашите граѓани…

Бугарија е најголема закана за Македонија –…

Балканските земји се сметаат за непријатели, покажува…

Предупредување за невреме и ветер од 100…

Републичкиот хидрометеоролошки завод издаде предупредување за одредени…

Во центарот на српските вооружени сили во…

Во центарот на српските вооружени сили за…

Вучиќ: Македонците се наши браќа и пријатели,…

Во интервју за државната српска телевизија РТС,…