Додик: Го замолив Путин да не ја остава Република Српска на милост и немилост на ЕУ

t

Лидерот на владејачката коалиција во Република Српска – Милорад Додик, изјави дека го замолил рускиот претседател Владимир Путин да не го остава тој дел од Босна и Херцеговина на милост и немилост на Европската Унија.

„Моето барање беше претседателот Путин да не ја пропушта можноста кога склучуваат договори на светско ниво, и да не нè остават на некои третокласни бирократи од Брисел, да продолжат да нè мачат и да не ни дозволуваат да живееме“, изјави Додик за синоќешниот разговор со рускиот лидер.

Додик, кој се сретна со Путин синоќа во Сочи за време на годишната сесија на Меѓународниот дебатен клуб „Валдаи“, изјави дека разговарале за ситуацијата во Босна и Херцеговина, која рускиот лидер ја опиша како сложена.

Во транскриптот од дел од нивниот разговор, кој беше објавен на веб-страницата на рускиот претседател, пишува дека Путин рекол дека Додик „прави многу за градење односи со Русија“.

„Знам дека ситуацијата во вашата земја и регион не е едноставна, може да се каже дека е сложена. Би бил многу заинтересиран да ја чујам вашата проценка за тие околности“, му рече Путин на Додик на почетокот на средбата, додавајќи дека е „многу среќен“ што го видел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителите денеска избираат нов шеф на ОЈО…

Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на…

Зеленски: Покрај трилатералата, и Европа мора да…

Украина очекува во ноември да се одржат…

Трамп оптимист: „Наскоро средба меѓу Зеленски и…

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека…

Времен режим на патот Кичево-Охрид кај Пресека-Песочан

На автопатот Кичево – Охрид во делот…

САД потрошиле над 47 милијарди долари за…

Американските вооружени сили потрошиле над 47 милијарди…