Објавено на:

Додик: Ми се закануваат со апсење, но ќе пружиме отпор

t

Претседателот на Република Српска Милорад Додик денеска изјави дека му се закануваат со апсење, но дека тој и неговото обезбедување ќе пружат отпор.

„Ми се закануваат со апсење и добив информација и ми рекоа дека ако моето обезбедување даде отпор, дека ќе пукаат“, рече Додик за време на своето обраќање во Собранието на РС.

– Им велам дека ќе пружиме отпор, изјави Додик, не прецизирајќи од кого ги добил заканите.

Додик ги поврза заканите со случајот „Интеграл инженеринг“, обвинувајќи ја опозициската Партија за демократски напредок (ПДП) дека Америка наредила санкционирање на таа компанија.

Претходно денеска, за време на специјалната седница на Собранието на РС, претседателот на Република Српска даде рок од седум дена да ги укине измените на Изборниот закон на БиХ, кои минатата недела беа наметнати од Кристијан Шмит, висок претставник во БиХ, кого Република Српска не го признава.

Додик на средбата изнесе низа барања кои мора да се исполнат или, како што рече, ќе реагира Република Српска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЗАХАРОВА: Евровизија ја надмина секоја оргија, ритуал…

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи,…

Кренар Лога бара нова заклетва на Силјановска

-Непочитувањето на уставното име на државата ја…

Лазаров: Одиме чисто на СП – без…

Лазаров кажа дека ракометарите брзо го заборавиле…

Mасовна средба на Mакедонците од Eгејот, се…

Да не се заборави она што се…

Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале…

Две лица со „квадрицикл“ попладнето излетале од…