Додик на операција- Вучиќ го посети во болница

t

Како што јавува репортерот на АТВ од Белград, лекарите рекле дека се работи за посложена операција која ќе трае неколку часа. Наведено е и дека Додик бил добро расположен пред операцијата и се надева на најдобар исход, пренесе Индекс.

Додик вчера беше итно хоспитализиран поради акутни болки. Во болницата го посети и српскиот претседател Александар Вучиќ и му посака брзо закрепнување. „Го посетив претседателот Милорад Додик пред утрешната интервенција и му посакав брзо закрепнување и добро здравје. Очекувам продолжување на соработката и нови средби со раководството на Српска. Ни претстои многу заедничка работа“, рече Вучиќ.

„Според првата дијагноза, по потребните подготовки, ќе има операција на хранопроводот и желудникот на претседателот Додик. Јавноста ќе биде навремено информирана за здравствената состојба на претседателот на Република Српска“, изјавија вчера од кабинетот на Додик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Висок функционер е осуден на смрт во…

Кинески суд го осуди на смрт поранешниот…

(Фото) Вратено македонското знаме во Гостивар, полицијата…

Македонското знаме е вратено на место откако…

Ужас: Најмалку 30 мртви во армиски напад…

Најмалку 30 лица беа убиени во напад…

Нетанјаху е спремен да му ја предаде…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека е…